Претставничката за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини го покани мандатарот Зоран Заев на неформалната вечера која утре ќе ја имаат премиерите на балканските држави.
Техничкиот премиер Емил Димитриев не е поканет на вечерата каде ќе седнат лидерите на шесте балкански држави.
Во поканата до Заев стои дека тој е поканет во својство на „определен за премиер“.
Освен Заев, кој ќе ја претставува Македонија на вечерата во Брисел ќе присуствуваат премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама (Албанија), Иса Мустафа (Косово) и Дениз Звиздиќ (Босна и Херцеговина).
На оваа средба, предвидено е да се разговара за случувањата во регионот.