Денеска во 12 часот во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи 22. Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
СДСМ на почетокот на месецот распиша конкурси за самокандидирање на заинтересирани за функцијата претседател на партијата и за членови на Централниот одбор, а како што соопштија од СДСМ единствен кандидат за највисоката партиска функција е Зоран Заев.
СДСМ најави учество на околу 700 делегати на конгресот. Неизвесно е дали тие, покрај другите точки, ќе бидат информирани за составот на новата влада, која ќе ја предводи Заев, бидејќи преговорите со партиите од албанскиот политички блок – ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците се уште траат.
Заев вчера за изгледот на новата влада и за кадровските решенија разговараше со Али Ахмети, Зијадин Села и Биљал Касами, а најави дека преговорите ќе продолжат и денеска, ако остане време по конгресот и најверојатно и утре.