НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Макрон до Трамп: Нема нови преговори за климатските промени

0
By Нова ТВ on June 2, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера остро ја отфрли идејата дека се можни нови преговори за Парискиот договор за климатски промени и рече дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече од него ќе биде на штета на американските граѓани и на интересите.

Макрон кој имаше телевизиско обраќање на француски и на англиски јазик, рече дека Трамп „направил грешка на штета на интересите на неговата земја, неговиот народ и грешка за иднината на нашата Планета“.

-Вечерва ви кажувам одлучно: Нема да отвориме нови преговори за помалку обврзувачки договор. Нема шанса, рече Макрон кој ја презеде претседателската функција пред помалку од еден месец.

Пораката од Макрон е поостра во споредба со коментарите по средбата со Трамп на самитот Г-7 на Сицилија минатата недела, кога тој изрази надеж дека Трамп ќе покаже прагматизам што ќе му помогне да остане во Договорот.

Во меѓувреме повеќе градови во САД му откажаа послушност на Трамп ветија дека ќе го почитуваат Парискиот договор и покрај повлекувањето.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио вчера изјави дека неговиот град ќе ги преземе работите во свои раце, нарекувајќи го повлекувањето од историскиот договор „опасност чија цел е срцето на Њујорк“.

Тој рече дека планира да потпише извршна наредба до крајот на неделава со кое ќе ја изрази определбата на градот дека останува зад овој Договор. Де Блазио е еден од градоначалниците на 71 американски град, кои го потпишаа отвореното писмо до Трамп во ноември лани веднаш по неговиот избор, за да остане во Договорот.

Неколку градови синоќа беа осветлени во зелена боја, во знак на поддршка на Договорот.

И додека светот крева глас против оваа “неодговорна” одлука на Трамп, климатските експерти тврдат дека станува збор за пропаганда на Трамп наменета за неговиот електорат. И дека излегувањето од Парискиот договор не може да оди така лесно како што ветува Трамп.

Имено, напуштањето на Парискиот договор е процес кој трае 4 години. Тој стапи на сила на 4 ноември 2016 година што значи дека САД можат да излезат од договорот најрано на 4 ноември 2020 година, точно кога се одржуваат следните претседателски избори.

Светот верува дека Трамп нема да добие нов мандат од Американците и дека договорот ќе биде спасен во последен момент.

Доналд Трамп Емануел Макрон Париски договор за климатски промени САД Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.