Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Први резултати: Најмногу гласови освои коалицијата за Харадинај

0
By Нова ТВ on June 11, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 11, 2017 20:45

Коалицијата чиј кандидат за премиер е Рамуш Харадинај освои 40. отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати.

Како што пренесуваат медиумите од Косово, на второто место е движењето Самоопределување, кое освои 30. проценти од гласовите, а на трето место е Демократскиот сојуз на Косово, Алијанса за ново Косово и Иницијативата Алтернатива со 27. отсто од гласовите.

Според првичните анализи резултатот покажува дека се случија промени, бидејќи движењето Самоопределување, како самостојна партија, без коалиционен партнер успеа да обезбеди одличен резултат.

Централната изборна комисија најави дека во текот на вечерта ќе излезе со прелиминарни резултати од денешните избори.

На вонредните парламентарни избори околу 1,8 милиони запишани гласачи бираа 120 пратеници.Изборите ги следат околу 5.000 набљудувачи.

Во кратката и бурна кампања се претставија 25 партии, коалициии и групи граѓани.

Главни прашања во текот на кампањата, освен економијата беа трите прашања кои беа причина за гласање недоверба на владата на Иса Мустафа: демаркација на границата со Црна Гора, формирање на Заедница на српски општини  и трансформација на безбедносните и вооружените сили на Косово.

Албанската политичка сцена на на Косово е поделена во два блока – едната се партиите кои според албанските медиуми, произлегува од „военото крило“ и е коалицијата на Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово, Иницијативата за Косово и девет помали партии, и втората, коалиција на „мирот“,  составена од Демократскиот сојуз на Косово, Алијанса за ново Косово и иницијативата Алтернатива.

Кандидат за премиер на првиот блок е Рамуш Харадинај, а на вториот Авдулах Хоти.

На овие избори самостојно настапи десно ориентираното Движење Самоопредеување, а нивен кандидат за премиер е Албин Курти, основач на движењето.

избори Косово Рамуш Харадинај Самоопределување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.