Попладнево во 17 часот Владата ќе одржи седница на која ќе се расправа за разрешувањето на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Од Влада преку соопштение информираа дека на седницата ќе се одлучува и за други кадровски решенија и актуелни прашања.
Инаку во вторникот Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење на барањето на Владата да се разреши Зврлевски. Владата сега треба сите документи, заедно со мислењето од Советот да го прати во Собрание, кое пак треба да закаже седница за разрешување на обвинителот. Зврлевски може да се смени со просто мнозинство од 61 пратеник.