Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков излезе од СЈО каде беше на распит но иако пред влегувањето рече дека по распитот ќе одговори на прашањата на новинарите, тој ги избегна камерите.
На прашањата не одговари ниту Љупчо Шврговски, новиот правен застапник на Мијалков за случаите кои СЈО ги води против него.
СЈО го сомничи поранешниот прв човек на УБК во три предмети „Талир“, „Тортура“ и „Таргет“.