Мохамед Салах од вечерва е нов член на Ливерпул. Египетскиот репрезентативец ја напушти Рома, ги мина лекарските прегледи и потпиша петгодишен договор со тимот од „Енфилд роуд“ за сума од 45 милиони евра, колку што добија римјаните како отштета, кои го прават најскапо засилување на „црвените“. Во тимот на Јирген Клоп ќе настапува во дрес со број 11, а Фирмињо ја презема деветката.
Крилниот напаѓач го менува Вечниот град со градот на Битлси. За „волчицата“ одигра 81 натпревар во кои имаше ефект од 34 погодоци и 18 асистенции. Само во последната сезона постигна 15 гола и имаше 11 додавања за гол. Пред Рома настапуваше и за Базел, за Челзи и за Фиорентина.
За Египет одигра 53 меча во кои противничките мрежи ги тресеше 29 пати.