Германија, Црна Гора и Словенија ќе бидат противници на Македонија на Европското ракометно првенство во Хрватска. Ова е епилог од вечерашната ждрепка за групите на континенталниот самит што ќе се одржи од 12 до 28 јануари во 2018 година Четирите репрезентации ја сочинуваат групата Ц, натпреварите ќе се играат во Загреб.
Групата А (Сплит) ќе понуди пресметки меѓу Хрватска, Шведска, Србија и Исланд, во групата Б (Пореч) завршија Франција, Белорусија, Норвешка, Австрија, а во групата Д (Вараждин) се најдоа Шпанија, Данска, Чешка, Унгарија.
Трите најдобропласирани од групите А и Б ќе продолжат во главната фаза во Загреб додека најдобрите три тима од групите Ц и Д ќе се натпреваруваат во Вараждин.
Финалниот викенд е закажан во хрватската престолнина.