Кам-бек на Хетафе во шпанска Примера. По една сезона мината во Сегунда, клубот од предградието на Мадрид се избори за место во елитното фудбалско друштво во што успеа пред бараж двомеч.
Тенерифе славеше во првиот меч со 1:0, но Хетафе во реваншот, на својот стадион „Алфонсо Перез“, триумфира со 3:1 за заокружување на поставената мисија за сезоната 2016/17.
Пласман во Примера претходно осигураа Леванте и Хирона, во Сегунда, пак, во сезоната 2017/18 ќе играт Спортинг Хихон, Осасуна и Гранада.