НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан утре ќе присуствува на тематска седница на Влада

0
By Нова ТВ on June 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре за време на посетата на Македонија на Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан, предвидени се повеќе настани, соопштија од Владата.

Премиерот Зоран Заев ќе има средба со Хан, а потоа делегацијата на Владата предводена од Заев, а во состав од Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Никола Димитров ќе одржат средба со делегацијата на ЕУ предводена од Хан.

Во 14 часот ќе има тематска седница на Влада која ќе биде посветена на итните реформски приоритети, а на седницата ќе присуствува и комесарот Хан. По седница Заев и Хан ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите.

Во пресрет на посетата, Хан соопшти дека и владата, но и опозицијата треба да се фокусираат на имплементацијата на итните реформи и на Договорот од Пржино.

„Со континуираната поддршка на Европската унија, земјата конечно ја надмина политичката криза преку добро администрираните избори и формирањето на новата Влада. Сега, новата Влада, заедно со опозицијата, треба да се фокусира на спроведувањето на Итните реформски приоритети и на целосно спроведување на договорот од Пржино“, изјави Хан.

Во Македонија веќе престојува и германскиот експерт Рајнхард Прибе, кој во наредните денови ќе има средби со владини претставници за итните реформски приоритети.

Зоран Заев Јоханес Хан Рајнхард Прибе реформи седница на влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.