Бошко Ѓуровски, сепак, останува на „Маракана“ со нова функција. Поранешниот селектор на Македонија е избран за нов член на Управниот одбор на Црвена звезда. Тој беше предложен пред Собранието на клубот и едногласно прифатен од делегатите заедно со режисерот Југ Радивоевиќ и докторот Александар Марковиќ.
Ѓуровски во финишот на сезоната беше назначен и за тренер на „црвено-белите“ по разделбата со Миодраг Божовиќ, но не успеа во битките за титули со Партизан. Двете (првенство и Куп) на крајот завршија кај екипата од Хумска.
Работата со првата екипа му е доверена на Владан Милоевиќ. Црвена звезда е пред настап во квафикациите за Лига Европа во кои ќе влезе со двомеч против Флоријана од Малта. Првата пресметка во која „црвено-белите“ се фаворити е закажана во четврток (20.45 ч.) на „Маракана“.