НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ЛЕ: Шкендија како Опел за Дачија (Видео)

0
By Нова ТВ on June 29, 2017 СПОРТ
Фото: kfshkendija.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалерите на Шкендија го остварија посакуваното во првиот меч со Дачија од воведната квалификациска рунда за Лига Европа. Македонскиот вицешампион го совлада молдавскиот со 3:0 за мирен реванш на 6 јули во Кишињев. Стрелци за тетовци на стадионот „Младост“ во Струмица беа Бесарт Ибраими во седмата минута од пенал, Марјан Радески во 11. зголеми на 2:0, а истиот фудбалер во 75. го постави конечниот резултат.

Младинскиот репрезентативец беше централна фигура во фудбалската пресметка со Молдавците. Ја изнуди најстрогата казна што во водство ја претвори членот на македонската сениорска селекција, по асистенција на Жуниор го реализира првиот погодок, а по додавање на капитенот Ферхан Хасани и вториот за потврда дека за квалитативното натежнување на страна на „црвено-црните“. Одлична партија попладнево и од Ибраими и Хасани во дресот на Шкендија.

Домашните, покрај трите гола, имаа уште неколку прилики за поубедлива победа, но и вака, се чини, се доволни за пласман во второто коло во кое ќе играат со подобриот од двомечот меѓу велшки Конах и Хелсинки.

https://www.youtube.com/watch?v=62-RQ_eoUGI

Лига Европа, 1 квалификациско коло, прв меч

Шкендија – Дачија 3:0 (2:0)

Стадион: „Младост“ во Струмица. Гледачи: 2.500. Гл. судија: Криштоф Јакубик. Асистенти: Марсин Борковски и Томаш Ниемировски (сите тројца од Полска). Ж. картони: Тодоровски (Шкендија); Пашченко (Дачија). Стрелци: Ибраими 7′ (п), Радески 10′, 75 ‘ за Шкендија.

Шкендија (формација: 4-2-3-1): Захов – Челиковиќ (Мурати 62′), Цуцули, Бејтулаи, Тодоровски – Вујчиќ, Алими – Жуниор (Тотре 87′), Радески, Хасани (Абдурахими 78′) – Ибраими. Тренер: Ќатиш Османи.

Дачија (формација: 4-3-3): Ралеан – Фортес, Мамах, Драшковиќ, Сеоане – Гавриленко, Јалба (Андроник 69′), Пашченко – Диара (Илеску 59′) – Олисаев (Бејан 54′), Пуношевац. Тренер: Виорел Фрунца.

Дачија квалификации Лига Европа фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.