Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи во Брисел: Оптимизмот не е вечен и мораме да испорачаме

0
By Нова ТВ on June 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 29, 2017 18:40

“Агендата на новата Влада има две траектории. Едната води кон реализирање на итните реформски приоритети а другата кон решавање на отворените политички прашања, како дома, така и со соседите”, изјави денес во Брисел заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Тој, заедно со министерот за правда Билен Саљији и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денес се сретна со генералниот директор за проширување Кристијан Даниелсон. Претходно сите учестуваа на Комитетот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Закажана е и следната средба на 18 јули кога ќе се одржи Советот за стабилизација и асоцијација со ЕУ на која ќе присуствуваат комесарот Јоханес Хан и шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини.

„Свесни сме дека имаме голем товар од кој треба да се ослободиме и дека очекувањата на граѓаните сѐ повеќе и повеќе се зголемуваат. Oвој момент на оптимизам не може вечно да трае и ние мора да почнеме да испорачуваме. Тоа е за нас уште поголема обврска, сериозно и трезвено да пристапиме кон надминување на предизвиците на нашиот пат кон ЕУ“, рече Османи.

На внатрешен план потребно е заокружување на легислативниот дел на Охридскиот рамковен договор, како и фактичка примена на инклузивноста во политичкото одлучување.

„Затворањето на овие прашања ние не ги третираме само како обврска преземена пред нашите меѓународни партнери, туку и како значајни предуслови за изградба на функционална демократија, стабилно општество и просперитетна економија. Ваквите комплексни прашања бараат храбри одлуки, за чија реализација потребна е и поддршка од нашите партнери во ЕУ“, истакна Османи.

Македонската делегација ги извести своите бриселски домаќини за посетите на Бугарија и Грција од страна на висока владина делегација и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„Сѐ поизвесно станува потпишувањето на меѓусебниот договор со Бугарија пред крајот на летото, со што Македонија ќе може посуштински да се посвети на унапредување и на односите со Грција. Свесни сме дека се работи за емоционален проблем, но со оглед на успешноста на првите чекори, набргу очекуваме значајни подобрувања на односите меѓу двете Влади и севкупно меѓу двете земји“, истакна Османи.

Владините претставници ветија примена на превземните обврски и побараа поддршка од Даниелсон. Тие би сакале ЕУ да направи конкретни чекори за поддршка и да дадат “импулс и поттик за задржување и засилување на реформскиот и европскиот курс на државата”.

Билен Саљији Брисел Бујар Османи Дамјан Манчевски Комитет за стабилизација и асоцијација Кристијан Даниелсон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

ВЕСТИ July 17, 2026

 Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за „чистење“ на судиите и на обвинителите, како и дека…

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.