НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето за уништување на документи во УБК одложено за 26 септември

0
By Нова ТВ on July 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за уништувањето на речиси 3.000 документи поврзани со набавката на опремата за прислушување „Тврдина 2“ е одложено за 26 септември. Рочиштето се одложи на барање на адвокатите на одбраната.

Како што објасни адвокатите, полномошно за овој случај добиле непосредно пред почетокот на судењето и немале време да го разгледаат предметот. Од овие причини бараа одложување на рочиштето на кое требаше да се сослушуваат сведоци. Новото рочиште е закажано за 26 септември.

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска рече дека се надева дека од септември конечно ќе започнат рочиштата што веќе подолго време се одложуваат.

„Очекуваме дека од септември натаму конечно ќе започнат судењата. Во овој случај одбраната доби нови адвокати кои треба да се запознаат со случајот и ние не смееме да им го негираме тоа право“, рече Ристоска.

Адвокатот на Горан Грујевски, Љупчо Шврговски рече дека одложувањето на денешното рочиште било на негово барање за да може да се запознае со случајот.

Грујевски не сакаше да даде изјава пред новинарите кои чекаа пред судот.

Во овој случај обвинет е Грујевски, поранешен началник во УБК и пет службенички врабтоени во Управата. Грујевски и службеничките се сомничат дека уништиле службена документација поврзана со набавката на опремата за прислушување. Грујевски е осомничен во случаите „Таргет и Тврдина“ и „Тврдина 2“.

Тој беше и еден 18-те лица за кои СЈО бараше притвор, но судот го одби предлогот и му одреди мерки за претпазливост, односно му го одзеде пасошот и му наложи еднаш во неделата да се јавува во судот.

На претходното рочиште, кое се одржа на 23 мај, судијката Лидија Петровска ги прифати доказите на СЈО и за денеска закажа почеток на главната расправа, на која треба да бидат сослушувани сведоци.

Шестмината обвинети тогаш изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат.

Првото рочиште за овој случај се оджа на крајот на ноември 2016 година. Од тогаш не е сослушан ниту еден сведок.

Ленче Ристоска Љупчо Шврговски СЈО Тврдина 2 УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.