Линфилд (Северна Ирска), Алашкерт (Ерменија), ТНС (Велс), Викингур (Фарски Острови) и Хибернијанс (Малта) се пласираа во второто коло од квалификациите за Лигата на шампиони. Четири од петте клуба во реваншите како гости ги одбранија резултатите од првите средби и обезбедија нови 180 европски минути.
Северноирскиот првак одигра 0:0 против Ла Фиорита во Сан Марино и благодарение на триумфот со 1:0 во Белфаст ќе оди на мегдан со Селтик во второто коло.
Ерменците одиграа 1:1 во Андора во дуелот со Санта Колома и со вкупни 2:1 закажаа двомеч со БАТЕ Борисов.
Малтешкиот претставник, пак, по триумфот со 2:0 во Паола, го совлада Инфонет Талин и во Естонија со 1:0 и во наредната рунда ќе игра со австриски Салцбург.
Велшаните возвратија за поразот (1:2) од Колеџ Европа пред седум дена. Со ист резултат ги добија основните 90 минути во Гибралтар, а во продолженијата успеаја и до трет гол за минување на првата пречка во ЛШ. Нареден ривал на ТНС е Риека на македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута.
Тимот од Фарски Острови на стартот на квалификациите ја елиминира косовска Трепча 89. Победата во првиот меч со 2:1 ја потврдија со убедливи 4:1 и во реваншот во Митровица за натпревари со Хафнарфјордур од Исланд во второто коло.
Лига на шампиони/квалификации/1 коло
Реванш мечеви
Ла Фиорита – Линфилд 0:0 (прв меч 0:1)
Санта Колома – Алашкерт 1:1 (0:1)
Трепча 89 – Викингур 1:4 (1:2)
Колеџ Европа – ТНС 1:2 (2:1) – по продолженија 1:3
Инфонет Талин – Хибернијанс 0:1 (0:2)
Лига на шампиони/квалификации/2 коло
Двојки (11/12 јули и 18/19 јули)
Малме (Шведска) – Вардар (Македонија)
Партизан (Србија) – Будуќност (Црна Гора)
Зрински (БиХ) – Марибор (Словенија)
АПОЕЛ (Кипар) – Диделанж (Луксембург)
Жалгирис (Литванија) – Лудогорец (Бугарија)
Карабаг (Азербејџан) – Самтредија (Грузија)
Хибернијанс (Малта) – Салцбург (Австрија)
Шериф Тираспол (Молдавија) – Кукс (Албанија)
Астана (Казахстан) – Спартакс Јурмала (Летонија)
БАТЕ Борисов (Белорусија) – Алашкерт (Ерменија)
Жилина (Словачка) – Копенхаген (Данска)
Хапоел Бер Шева (Израел) – Хонвед (Унгарија)
Риека (Хрватска) – ТНС (Велс)
Дандалк (Република Ирска) – Розенборг (Норвешка)
Хафнарфјордур (Исланд) – Викингур (Фарски Острови)
Линфилд (Северна Ирска) – Селтик (Шкотска)
Мариехам (Финска) – Легија Варшава (Полска)