Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Падна договор: Меси во Барса до 2021 година за неделни 570.000 евра

0
By Нова ТВ on July 5, 2017 СПОРТ
Фото: fcbarcelona.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 5, 2017 15:33

Во петокот даде согласност пред матичар во Розарио за стапување во брак во девојката што ја познава од детство, денеска, пак, и кажа „Да“ и на Барселона. Лионел Меси останува на „Камп Ноу“ до 2021 година и според понудените услови ќе има 570.000 евра неделна плата што заедно со Кристијано Роналдо имаат втори највносни договори по Карлос Тевез кој неделно во Кина брои 130.000 евра повеќе од Аргентинецот и Португалецот.

„Посветеноста и постигнатиот договор со Меси нè прават среќни сите во клубот. Импресивно е што и во иднина ќе го имаме најдобриот фудбалер во историјата кој целата своја професионална кариера ја мина со нас и притоа го предводеше тимот до неверојатни успеси“, се вели во соопштението на Барселона по повод, за нив, радосната вест.

Каталонците ја објавија и висината на откупната клаузула за аргентинскиот фудбалски волшебник. Па, ако некој изрази желба да им го украде пред истек на договорот, ќе мора да изрази и подготвеност да плати 300 милиони евра.

Навивачите на Барселона сега можат да здивнат по периодот на неизвеност што го имаа околу судбината на Меси. Неговиот договор со клубот имаше рок на важност до 2018 година и стравуваа дека можеби ќе нема да дојде до заеднички јазик за задржување на „десетката“ што ќе претставуваше голем удар за нив.

Меси е под капата на Барселона уште како 13 годишно момче и веднаш по прекомандата во првата екипа почна со демонстрација на раскошниот талент и потенцијал што го поседува. Оттогаш до сега настапи во 585 натпревари во „црвено-синиот“ дрес во кои постигна 510 гола.

Со Каталонците се радуваше на 29 трофеи од кои девет во Примера, четири во Лигата на шампиони, пет во кралскиот Куп, по три во европскиот Суперкуп и на светскитте клупски првенства и шест во шпанскиот Суперкуп. Пет пати, во меѓувреме, ја понесуваше и наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на годината.

Барселона Договор Лионел Меси фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.