Лесни победи на Енди Мареј и Рафаел Надал, елиминацијата на Данил Медведев, „џелатот“ на Вавринка, и на шест носителки донесоа мечевите од третиот натпреварувачки ден на Вимблдон. Британецот за час и 38 минути го порази Дастин Браун со 6:3, 6:2, 6:2, а, пак, Шпанецот беше побрз од мракот и не дозволи да преноќат обврските против Јанг од САД за конечни 6:4, 6:2, 7:5. Мареј во третото коло ќе игра против Фабио Фоњини, Надал ќе излезе на мегдан со Русинот Карен Качанов.
По сензационалниот триумф против Вавринка на стартот, Русинот Медведев не успеа преку втората пречка во Лондон. Белгиецот Бемелманс беше подобар од него во пет сета (6:4, 6:2, 3:6, 2:6, 6:3) и во наредното коло ќе игра со Андерсон од Јужна Африка.
Пет носителки од топ 10 ги одиграа своите натпревари од второто коло и сите пет остануваат во Лондон. Халеп (2 носителка) ја совлада Бразилката Хадад Маја со 7:5, 6:3 додека Елина Свитолина (4) беше уште поубедлива ви мечот со италијанската ветеранка Франческа Скијавоне (6:3, 6:0). Домашниот адут, Џоана Конта (6) мораше до третото коло во три сета против Дона Векиќ од Хрватска (7:6, 4:6, 10:8), идентично како и Венус Вилијамс во дуелот со Кинеската Ванг (4:6 6:4, 6:1). Цибулкова, пак, на двапати по 6:4 ја порази Брејди.
Настапот на Вимблдон во второто коло заврши за Петра Квитова (11 носителка), за Елена Веснина (15), за Медисон Киз (17), за Анастасија Севастова (18), за Барбора Стрицова (22) и за Карла Суарез Наваро (25).
Комплетни резултати на Вимблдон од натпреварувачки ден 3
МАЖИ, 2 КОЛО
Мареј (1., В. Британија) – Браун (Германија) 6:3, 6:2, 6:2
Надал (4., Шпанија) – Јанг (САД) 6:4, 6:2, 7:5
Чилиќ (7., Хрватска) – Маер (Германија) 7:6, 6:4, 7:5
Нишикори (9., Јапонија) – Стаховски (Украина) 6:4, 6:7, 6:1, 7:6
Цонга (12., Франција) – Болели (Италија) 6:1, 7:5, 6:2
Јановиц (Полска) – Пуе (14, Франција) 7:6, 7:6, 3:6, 6:1
Милер (16., Луксембург) – Росол (Чешка) 7:5, 6:7, 4:6, 6:3, 9:7
Баутиста Агут (18., Шпанија) – Гојовчик (Германија) 6:2, 6:1, 3:6, 6:3
Квери (24., САД) – Басилашвили (Грузија) 6:4, 4:6, 6:3, 6:3
Џонсон (26., САД) – Албот (Молдавија) 6:3, 6:3, 4:6, 6:3
Фоњини (28., Италија) – Весели (Чешка) 7:6, 6:4, 6:2
Качанов (30., Русија) – Монтеиро (Бразил) 3:6, 7:6, 7:6, 7:5
Бедене (В. Британија) – Џумхур (БиХ) 6:3, 3:6, 6:3, 6:3
Пер (Франција) – Ербер (Франција) 7:6, 6:1, 6:4
Бемелманс (Белгија) – Медведев (Русија) 6:4, 6:2, 3:6, 2:6, 6:3
Андерсон (Ј. Африка) – Сепи (Италија) 6:3, 7:6, 6:3
ЖЕНИ, 2 КОЛО
Халеп (2., Романија) – Хадад Маја (Бразил) 7:5, 6:3
Свитолина (4., Украина) – Скијавоне (Италија) 6:3, 6:0
Конта (6., В. Британија) – Векиќ (Хрватска) 7:6, 4:6, 10:8
Цибулкова (8., Словачка) – Брејди (САД) 6:4, 6:4
В. Вилијамс (10., САД) – Ванг (Кина) 4:6 6:4, 6:1
Бренгл (САД) – Квитова (11., Чешка) 6:3, 1:6, 6:2
Остапенко (13., Летонија) – Абанда (Канада) 4:6, 7:6, 6:3
Азаренка (Белорусија) – Веснина (15., Русија) 6:3, 6:3
Џорџи (Италија) – Киз (17., САД) 6:4, 6:7, 6:1
Вотсон (В.Британија) – Севастова (18., Летонија) 6:0, 6:4
Гарсија (21., Франција) – Богдан (Романија) 6:4, 6:3
Осака (Јапонија) – Стрицова (22., Чешка) 6:1, 0:6, 6:4
Пен (Кина) – Суарез Наваро (25., Шпанија) 6:2, 6:2
Коњух (27., Хрватска) – Бегу (Романија) 7:6, 2:6, 6:3
Сакари (Грција) – Кр. Плишкова (Чешка) 6:7, 6:4, 6:4
Витхефт (Германија) – Сабаленка (Белорусија) 7:6, 3:6, 6:3