Шкендија испорача потврда за квалитетот во однос на Дачија и во реваншот во Кишињев. Тетовци го совладаа молдавскиот претставник со 4:0 и со вкупен резултат 7:0 (во првиот меч во Струмица славеа со 3:0) се пробија до второто квалификациско коло за Лига Европа.
Серијата голови за „црвено-црните“ во главниот град на Молдавија попладнево ја отвори Арменд Алими во 32 минута по асистенција на Жуниор. Поранешниот македонскиот репрезентативец му возврати за додавањето на Бразилецот во 45 за заминување на одмор со удвоена предност. Третиот погодок беше дело на резервистот Зелнулаи во 81., во листата на стрелци се впиша и капитенот Ферхан Хасани од пенал во 89.
Дачија во 37 минута остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Олег Андроник (втор жолт картон).
Шкендија во второто коло ја очекува дуел со подобриот од двомечот меѓу Конах и ХЈК Хелсинки. Велшаните славеа во првиот меч, како домаќини, со 1:0, реваншот се игра попладнево во Финска.
Дачија – Шкендија 0:4 (0:2)
Стадион: „Молдавија“ во Кишињев. Гледачи: 5.000. Гл. судија: Петер Кралович. Асистенти: Габриел Адам и Мирослав Бенко (ссите тројца од Словачка). Ж. картони: Пашченко, Андроник (Дачија); Алими, Радески (Шкендија). Ц. картон: Андроник (Дачија) 37′. Стрелци: Алими 32′, Жуниор 45′, Зејнулаи 81′, Хасани 89′ (п) за Шкендија.
Дачија (формација: 4-3-3): Ралеан – Фортес, Мамах, Драшковиќ, Сеоане (Илеску 57′)- Гавриленко, Јалба, Пашченко – Андроник, Бејан (Марандичи 57′), Пуношевац (Којокару 73′). Тренер: Виорел Фрунца.
Шкендија (формација 4-2-3-1): Захов – Мурати, Цуцули, Бејтулаи, Тодоровски – Вујчиќ, Алими (Зејнулари 77′) – Жуниор (Тотре 77′), Радески (Теќа 69′), Хасани – Ибраими. Тренер: Ќатип Османи.