Комплетиран е полуфиналниот квартет кај дамите на Вимблдон. Меѓу најдобрите четири, по Гарбине Мугуруза, се пробија и Американката Венус Вилијамс, Британката Џоана Конта и Магдалена Рибарикова од Словачка.
Венус Вилијамс (37) по десетти пат во кариерата обезбеди настап во полуфинале на Вимблдон, откако со 6:3, 7:5 ја порази Јелена Остапенко од Летонија. Со елиминацијата на сензационалната победничка на Ролан Гарос таа стана и највозрасна тенисерка што стигнала до оваа фаза на гренслемот во Лондон по Мартина Навратилова во 1994 година.
Нејзина противничка за место во финалето ќе биде шестата носителка, Џоана Конта. Британката во четврт-финалето ја совлада Симона Халеп со 6:7, 7:6, 6:4.
Словачката тенисерка Рибарикова, пак, обезбеди дуел со Мугуруза по триумфот над Коко Вандевеј од САД со 6:3, 6:3.
Вимблдон/четврт-финале (ж)
Резултати
В. Вилијамс (10., САД) – Остапенко (13., Летонија) 6:3, 7:5
Конта (6., В. Британија) – Халеп (2., Романија) 6:7, 7:6, 6:4
Рибарикова (Словачка) – Вандевеј (24., САД) 6:3, 6:3
Мугуруза (14., Словачка) – Кузнецова (7., Русија) 6:3, 6:4