Македонија ја декласира Малта со 99:60 во натпревар од последното коло од групната фаза на Европското првенство за кошаркари до 20 години (Б дивизија) што се одржува во Романија и ќе разигрува за пласман од деветтото до 16 место. Нареден ривал на составот на Мирче Петрески е Косово во петок од 19,45 часот.
„Црвено-жолтите“ надежи ја оправдаа фаворитската улога со врсниците од Малта во четвртиот настап во групата Ц во Орадеа. Противникот беше подобар во воведниот период (14:22), останатите три минаа во знакот на Македонија (24:14, 30:15, 26:9). Дури четворица кошаркари завршија со двоцифрен број поени. Најмногу запиша Ефремовски (27), Маслинко уфрли 16, Робев 11, а Митков 10. Идентичен ефект како Ефремовски имаше Формоса во поразената селекција, но немаше поддршка од соиграчите како македонскиот репрезентативец.
Македонија на крајот го освои третото место на табелата во Ц конкуренцијата. Во првото коло ја совлада Албанија со 62:54 по продолженија по што претрпе дебакл од Грузија со 48:78 и пораз од Романија (63:68) пред убедливиот триумф над Малта.
ЕП во кошарка (У20) – Б дивизија/Орадеа, Романија
Група А, 4 коло
Финска – Белорусија 113:68
Белгија – Ерменија 87:74
Табела: Полска 7, Белгија 7, Финска 6, Белорусија 5, Ерменија 5.
Група Б, 4 коло
Русија – Словачка 86:68
Холандија – Азербејџан 85:54
Табела: Русија 7, В. Британија 7, Холандија 7, Словачка 5, Азербејџан 4.
Група Ц, 4 коло
Малта – Македонија 60:99
Романија – Албанија 74:47
Табела: Романија 8, Грузија 7, Македонија 6, Албанија 5, Малта 4.
Група Д, 4 коло
Молдавија – Хрватска 47:150
Унгарија – Р. Ирска 58:46
Косово – Португалија 63:77
Табела: Хрватска 10, Португалија 9, Унгарија 8, Косово 7, Р. Ирска 6, Молдавија 5.
Двојки за четврт-финале (петок)
Полска – В. Британија
Хрватска – Грузија
Романија – Португалија
Русија – Белгија
За пласман од 9-16 место (петок)
Финска – Словачка
Унгарија – Албанија
Холандија – Белорусија
Македонија – Косово
За пласман од 17-21 место (петок)
Ерменија – Азербејџан
Молдавија – Малта