НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошарка, „Трофеј Македонија“: Одбраната го доби мечот со Португалија

0
By Нова ТВ on July 21, 2017 СПОРТ
Фото: mkf.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Задоволство од играта во одбрана, замерки за играта во напад истакна Јорданчо Давитков, селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, по триумфот над Португалија со 52:47 во воведниот настап на „Трофеј Македонија“. Гостите од Пиринеите имаа што да кажат во првата и во последната четвртина што ги добија 15:18, односно, 13:16. Средишните две, резултатски, минаа во знак на „црвено-жолтите“ (14:9, 10:4) и покрај многуте направени грешки и слабата реализација.

„Колку што имаше добри периоди во одбрана, толку имаше лоши во напад. Бевме агресивни во сопствениот рекет, но не успевавме да поентираме од отворени позиции, а ги имаве доста. Направивме и недозволиво голем број на грешки за вака сериозен натпревар. Ги имавме 12 само во првиот дел или вкупно 20 што е навистина многу. Нè очекува работа за нивно елиминирање и се надевам дека ќе имаме „мирна рака“ кога ќе биде најпотребно“, коментира Давитков по средбата кој даде поштеда за повредените Бојан Крстевски и Џордан Теодор.

Чековски беше најефикасен во националниот тим со 14 поени, во средбата на мал број кошеви двоцифрен беше и Стојановски (10). Кај Португалците Лима, Пинто и Гвереро уфрлија по осум.

Селекцијата на БиХ на чија клупа дебитира Душко Вујошевиќ, во првиот натпревар, ја порази Холандија со 102:96.

Турнирот во СЦ „Борис Трајковски“ продолжува денеска со дуели од второто коло. Португалија и БиХ ќе одмерат сили од 18 часот, во вечерниот термин (20,30 ч.) Македонија ќе игра против Холандија.

„Трофеј Македонија“ #Португалија кошарка Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.