НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од Бејта до Рангелова: какви привилегии носи дипломатскиот пасош

5
By Нова ТВ on July 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, повеќе од две години не е функционер. Тој сега е „само“ бизнисмен, прв братучед на екс премиерот Никола Груевски и обвинет во повеќе случаи на Специјалното јавно обвинителство. Недопирливоста и силеџиски форсираниот клиентализан беа главни белези на неговиот имиџ. Но, иако веќе две години не е на фотељата која моќ значи, тој продолжува да ги ужива благодетите од 11 годишното владеење на поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сашо Мијалков и натаму има обезбедување од МВР од шест лица и дипломатски пасош. Патната исправа му е издадена на 29 септември 2015 година со важност до 2020 година. Да не беше барањето на СЈО да му се одземе пасошот на Мијалков, тој и натаму ќе беше во негов посед.

Мијалков пред јавноста го бранеше поранешниот министер за внатрешни Митко Чавков, кој на новинарите пред две години кусо им одговори.

„Па еве побарало МВР. Човекот е уште на апанажа“, изјави тогаш Чавков.

Мијалков доби дипломатски пасош од МНР како експерт.

Кои се сите заслужни и привилегирани личности кои поседуваат дипломатска патна исправа, беше прашањето кое НОВА ТВ го упати од МНР.

Од МНР не известија дека веќе почнале да ги анализираат сите постапки за доделување за да утврдат евентуални злоупотреби при издавање на дипломатски и службени патни исправи, но нагласуваат дека потребно е време со оглед на тоа дека документите се со соодветен степен на класифицираност. По завршување на интерната истрага, од МНР рекоа дека ќе излезат со извештај и ќе ги објават имињата на лицата кои според законот немаат право да поседуваат дипломатски пасош.

Според документите на НОВА ТВ, во моментов има валидни над 1300 дипломатски пасоши. Меѓу нив се актуелни и поранешни функционери, судии, обвинители, директори на јавни институции, академици, раководни лица од верските заедници, пратеници, уметници, спортисти, градоначалници, лекари, еден новинар, но и лица на кои одамна им поминал мандатот и функцијата, но сепак и натаму се на списокот на МНР.

Според Законот, дипломатски пасош им се издава на избрани и именувани лица, раководни државни службеници, дипломатско-конзуларни службеници вработени во МНР или во претставништвата на Македонија во странство, на воени претставници на безбедносните органи во странство кои имаат дипломатски статус, на лица кои со одлука на Владата заминуваат на работа во меѓународни организации во својство на функционери со дипломатски ранг во тие организации, како и на дипломатски курири.

До 2010 година МНР на медиумите им даваше одговори за бројот на издадени дипломатски и службени пасоши, но потоа со доаѓање на министерот Никола Попоски се криеше и списокот и бројот на дипломатски пасоши под назнаката „класифицирани информации“.

Начинот на издавање на дипломатски пасоши е регулиран со закон, но она што му остава простор на лежерност на министерот за надворешни е Правилникот во МНР кој се чува во тајност и од кој го црпи неговото дискреционо право да доделува патни исправи и на лица кои не влегуваат во законската рамка.

Според информациите на НОВА ТВ, дипломатски пасош поседуваат поранешниот и актуелниот претседател Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов, како и неговата сопруга Маја и синот Иван. Членови од Кабинетот на Иванов и негови соработници. Поранешните премиери Никола Груевски, Емил Димитриев, Владо Бучковски, Хари Костов, Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана, поранешните спикери во Парламентот, Трајко Вељаноски и сопругата Сузана, Љубиша Герогивски, екс генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски, поранешни и актуелни пратеници.

  • Градоначалниците на Скопје и Гостивар, Коце Трајановски и Невзат Бејта, како и Рамиз Мерко, кој сега е министер без ресор, а пасошот го добил во време кога бил пратеник од 2014 до 2016 година. Во нивно друштво се и претседателот на МАНУ, Таки Фити, судии од Уставен суд, првите луѓе на Врховен и Јавното обвинителство, Јово Вангеловски и Марко Зврлевски, Гувернерот на Народна Банка, Димитар Богов, дипломатот Срѓан Керим, поранешниот и сегашната директорка на Царина, Ванчо Каргов и Наташа Радевска – Крстевска.

Екс претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска и судијката Александра Поп – Стефанија. Поранешниот ректор Велимир Стојковски, разрешениот директор на Државниот архив, Филип Петровски. Ракометарот Кире Лазаров, одбојкарскиот тренер Јошко Миленкоски, пијанистот Симон Трпчески, пејачката Калиопи Букле, директорот на Танец, Зоран Џорлев и многу други личности кои од МНР добиле дипломатски пасош. Поранешните министри Панче Кралев и Иво Ивановски, владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев и еднодневниот министер за внатрешни, Оливер Андонов.

На списокот на МНР се и дел од осомничените во повеќе случаи на СЈО. Никола Груевски, Емил Димитриев, Мартин Протоѓер, Владимир Пешевски, Кирил Божиновски, Даниела Рангелова, Тони Јакимовски од УБК, Сашо Мијалков.

Она што според експертите е проблематично е дискреционото право уредено со правилниците на МНР , а којшто овозможува одредено лице да добие ваков пасош и покрај роа што не ги исполнува условите. Привилегиите кои доаѓаат со дипломатските пасоши се далеку поголеми од генералното мислење дека со нив само лесно и без чекање се проаѓа преку граничните премини. Со оваа патна исправа имате статус на дипломат, и како таков не можете да бидете приведувани и апсени во други земји или тоа е можно во тешки околности и под специфични услови,  а вашите торби не можат да бидат предмет на гранични проверки.

Продолжува…

 

Даниела Рангелова дипломатски пасош МНР Невзат Бејта Никола Попоски Сашо Мијалков СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.