Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гвардиола ја заокружи најскапата одбрана: Сити го купи Менди од Монако

0
By Нова ТВ on July 24, 2017 СПОРТ
Фото: twitter.com/ManCity
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 24, 2017 18:51

Пеп Гвардиола ја комплетира, финансиски, највредната одбрана на сите времиња. Манчестер сити денеска го официјализира трансферот на Бенјамин Менди од Монако кој потпиша договор на пет години. За неговите услуги на сметката на клубот од Кнежевството ќе легнат 48,88 милиони фунти што Французинот го прават најскап дефанзивец во историјата на фудбалската игра.

„Воодушевен сум од доаѓањето во Сити. Ова е еден од најдобрите клубови во Европа со Пеп Гвардиола како менаџер кој сака офанзивен фудбал. Сигурен сум дека ќе бидеме успешни во наредните сезони“, рече Менди по промоцијата во Манчестер сити.

Менди е шестата исполнета желба на Гвардиола во летниот преоден рок. Пред францускиот дефанзивец на „Етихад“ пристигнаа и Кајл Вокер од Тотенхем за 43,35 милиони фунти, Бернардо Силва од Монако за 42,5 милиона фунти, Едерсон од Бенфика за 34 милиони фунти, Данило од Реал Мадрид за 25,5 милиони фунти и Даглас Луис од Васко де Гама за 10,20 милиони фунти. Или сите заедно чинат преку 200 милиони.

„Менди ги поседува сите квалитети што ги бараме од еден бек. Млад е, а веќе има огромно искуство во врвниот фудбал. Важи за еден од најдобрите играчи на таа позиција во светот. Презадоволни сме што е меѓу нас и сигурни сме дека ќе се потврди како одлично засилување за нашиот тим“, истакна Чики Бегиристан, спортски директор на „граѓаните“.

Во меѓувреме, клубот го напуштија неколку играчи меѓу кои Александар Коларов (Рома), Нолито (Севилја), Џо Харт (Вест Хем), Вили Кабалеро (Челзи), Гаел Клиши (Истанбул Басакшехир), Пабло Забалета (Вест Хем), Хезус Навас (слободен фудбалер), Бакари Сања (слободен фудбалер).

Бенјамин Менди Манчестер Сити Монако Пеп Гвардиола фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.