Македонија по вторпат ја совлада Русија на Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Алжир. По триумфот во групната фаза со 29:22, „црвено-жолтите“ беа подобри од „зборнаја“ со 36:27 во мечот од разигрувањето за пласман од петтото до осмото место на шампионатот.
Најефикасни во натпреварот беа Кузмановски и Маслеников кои постигнаа по седум гола за своите репрепрезентации. Палевски додаде шест за Македонија, а Талески и Лазаревски по четири во петта радост на мундијалот.
Противник на Македонија во меч за петтото место ќе биде победникот од средбата меѓу Тунис и Унгарија.
Денеска се играат и полуфиналните средби на СП. Од 18 часот ќе играат Франција и Данска, за 20,45 часот е закажана пресметката меѓу Германија и Шпанија.
Македонија – Русија 36:27 (21:11)
Спортска сала: „Омниспорт Хацене Харча“ во Алжир. Гледачи: 100. Судии: Јусеф Белкири и Си Али Хамиди (двајцата од Алжир). Ц. картон: Ухваркин (3х2 мин.)
Македонија: Томовски (11 одбрани, 1 гол), Даниловски, Лазаревски 4, Димитриоски 2, Јагуриноски 3, Нелоски 1, Танкоски, Велковски 6, Шилегов 1, Петровски, Талески 4, Кузмановски 7, Крстевски, Џонов 1, Палевски 6, Арсеновски. Селектор: Илија Темелковски.
Седмерци: 4/5. Исклучувања: 2 минути.
Русија: Верешчагин, Заболотин (13 одбрани), Ѕемин, Синицин 4, Болотин, Ухваркин 2, Санталов 1, Ермаков 4, Михалин 1, Виноградов 1, Ларин 1, Дашко 4, Фурцев 2, Фокин, Маслеников 7, Шарков. Селектор: Степан Сидорчук.
Седмерци: 1/1. Исклучувања: 16 минути.