НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп со закани до С. Кореја, Јапонија распоредува антиракетни системи

0
By Нова ТВ on August 12, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун дека ќе зажали ако ја нападне американската територија Гуам, јавуваат агенциите.

„Ако направи нешто во насока на Гуам или која било друга американска територија, или некој американски сојузник, тој тоа навистина брзо ќе го зажали“, изјави Трамп на неформална конференција за новинарите во Бедминстер во Њу Џерси, каде што се наоѓа на одмор.

На прес конференцијата присуствуваа и државниот секретар Рекс Тилерсон, амбасадорката во ОН Ники Хејли и советникот за национална безбедност Х.Р. Мекмастер.

Трамп истакна дека се надева дека Северна Кореја ќе ја сфати целосно тежината на неговите зборови.

„Се надевам дека целосно ќе ја сфати тежината на ова што го кажав. А тоа што го кажав и го мислам“, предупреди американскиот претседател. „Тие зборови лесно се разбираат“.

Јапонија денес го размести својот противракетен систем „патриот“ по најавата на Северна Кореја за план за лансирање ракети во правец на американската територија Гуам во Тихиот Океан.

Како што пренесува јапонската државна телевизија НХК, министерството за одбрана денес почнало да го распоредува американскиот против ракетен систем ПАК-3 (Patriot Advanced Capability) во Шимана, Хирошима и Кочи, на западот на земјата.

Телевизиски снимки објавени денес покажуваат воени возила кои пред зората ги превезувале лансирни рампи и другите елементи од противракетниот систем во воената база во Кочи.

Јапонската влада претходно неделава соопшти дека ќе ги урне сите севернокорејски ракети кои евентуално би претставувале закана за јапонската територија.

Доналд Трамп Јапонија Ким Јонг-ун САД Северна Кореја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.