Шкендија го доживеа најтешкиот пораз во меѓународните настапи во клупската историја. Милан го совлада вицешампионот на Македонија со 6:0 во првиот плеј-оф меч за Лига Европа и за формален реванш по седум дена во Скопје.
По два гола за „росонерите“ постигнаа Андре Силва (13 минута и 28 минута) и Рикардо Монтоливо (25 минута и 85 минута), по еднаш Захов го совладаа и Фабио Борини во 67 минута и Лука Антонели во 69 минута.
Дека нема да препушти ништо на случајот, Винченцо Монтела најави со самиот избор на фудбалери за официјалниот протокол. Потегот да посегне по најдобрите што ги има на располагање со намера да заврши работа уште по „првото полувреме“ од двомечот ги исполни неговите очекувања.
Седумкратниот европски првак немилосрдно ја полнеше мрежата на тетовци за повеќе од заслужена победа на крајот и мирни подготовки за новата сезона во Серија А и, секако, есенските настапи во групната фаза во Лига Европа.
Милан – Шкендија 6:0 (3:0)
Стадион: „Сан Сиро“ во Милано. Гледачи: 40.613. Гл. судија: Харалд Лехнер. Асистенти: Андреас Хајденрајх и Максимилијан Колбич (сите тројца од Австрија). Ж. картони: Бонавентура (Милан); Цуцули (Шкендија). Стрелци: Андре Силва 13′, 28′, Монтоливо 25′, 85′, Борини 67′, Антонели 69′ за Милан.
Милан (формација: 4-3-3): Џ. Донарума – Антонели, Бонучи, Запата, Конти (Абате 69′) – Сусо (Кутроне 75′), Кеси, Монтоливо – Чалханоглу (Бонавентура 61′), Борини, Андре Силва. Тренер: Винченцо Монтела.
Шкендија (формација: 4-2-3-1): Захов – Челиковиќ (Теќа 64′), Цуцули, Бејтулаи, Тодоровски – Тотре, Алими – Абдурахими (Бојку 70′), Радески (Шефити 82′), Хасани – Б. Ибраими. Тренер: Ќатип Османи.
Лига Европа/плеј-оф/први мечеви
Вардар (Македонија) – Фенербахче (Турција) 2:0
Милан (Италија) – Шкендија (Македонија) 6:0
Динамо Загреб (Хрватска) – Скендербег (Албанија) 1:1
Краснодар (Русија) – Црвена звезда (Србија) 3:2
Домжале (Словенија) – Олимпик Марсеј (Франција) 1:1
Осиек (Хрватска) – Австрија Виена (Австрија) 1:2
Партизан (Србија) – Видеотон (Унгарија) 0:0
Евертон (Англија) – Хајдук (Хрватска) 2:0
Аполон (Кипар) – Митјиланд (Данска) 3:2
БАТЕ Борисов (Белорусија) – Олександрија (Украина) 1:1
Хафнарфјордур (Исланд) – Брага (Португалија) 1:2
ПАОК (Грција) – Естерсунд (Шведска) 3:1
Викторија Плзен (Чешка) – АЕК Ларнака (Кипар) 3:1
Алтах (Австрија) – Макаби Тел Авив (Израел) 0:1
Лудогорец (Бугарија) – Судува (Литванија) 2:0
Панатинаикос (Грција) – Атлетик Билбао (Шпанија) 2:3
Ајакс (Холандија) – Розенборг (Норвешка) 0:1
Бриж (Белгија) – АЕК (Грција) 0:0
Виторул (Романија) – Салцбург (Австрија) 1:3
Легија Варшава (Полска) – Шериф Тираспол (Молдавија) 1:1
Маритимо (Португалија) – Динамо Киев (Украина) 0:0
Утрехт (Холандија) – Зенит (Русија) 1:0