НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Трајановски: Плажата „Камени мост“ функционираше одлично

0
By Влатко Чаловски on August 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, градската плажа „Камени мост“ е успешен проект на градот, на која имало многу посетители и била функционална, но државниот објект „Панорамско тркало“ во моментов бил приоритет и затоа плажата е срушена.

Сепак како што рече денеска Трајановски на прес-конференција на која даде отчет за сработеното на ниво на Скопје, истата пак ќе се реконструира кога ќе заврши Панорамското тркало и новиот мост кој се гради од едната страна на Вардар до другата.

„Плажата профункционира, ако не сте биле тоа е ваш проблем. Има милион луѓе кои биле на таа плажа и уживале во неа. Тоа што сега се прави многу поголем, позначаен, државен проект во Панорамското тркало, е позначаен од плажата и ние планираме, делот од плажата кој нема да биде зафатен од мостот, пак да ја ставиме во функција“, изјави Трајановски на прашање на НОВА.

Тој дополни дека неговата идеја е граѓаните да уживаат на таа плажа гледајќи кон плоштадот Македонија и кон центарот на градот, бидејќи истата и претходно многу добро работела.

Град Скопје за изведбата на двете плажи, едната кај Камени мост и другата плажа во непосредна близина на градскиот стадион издвои околу 15 милиони денари, од кои за „Камени мост“ беа потрошени околу 8 милиони денари, а беше пуштена во употреба пред пет години.

Зборувајќи за успесите на градот Скопје во неговите два мандати, Трајановски исто така по новинарско прашање, се осврна и на дополнителните 50.000 евра кои неодамна од градската каса беа наменети за непредвидени трошоци за доградба на плоштадот ВМРО пред седиштето на неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед на тоа во градежништвото не може сите работи да се предвидат, како и за други објекти така и за плоштадот ВМРО беа наменети средства од градската каса. Мислам дека ова е последно плаќање, но за многу проекти ова претходно се правело“, рече Трајановски.

Прашан за тоа дали воопшто на главниот град му бил потребен барокот и како тој гледа на објектите од проектот „Скопје 2017“, градоначалникот одговори дека критиките упатени кон него се должат на тоа што многумина на градот гледаат само од земјотресот наваму.

„Не треба да го сметаме Скопје само од земјотресот наваму. Скопје и пред земјотресот беше со своја архитектура. Во Музејот на градот Скопје може да ги видете градбите пред и по земјотресот и може да се види дали тие имаат сличност. Градоначалникот на Љубљана се интересираше за ова прашање исто така, но и таму градбите се правеа во истиот стил каква што била пред земјотресот (во 1895 година)“, напомена тој.

Прашан дали ќе се кандидира за трет мандат како татко на главниот град, Трајановски одговори дека е прерано да се зборува на таа тема.

ВМРО-ДПМНЕ градоначалник градска плажа Коце Трајановски отчет Панорамско тркало плоштад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.