НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Центар: Ќе поставиме монтажен паркинг во Дебар маало

0
By Нова ТВ on August 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општина Центар денеска преку соопштение одговори на барањата кои дебармаалци ги испратија со вчерашниот протест. Жителите бараа да се ослободат тротоарите и сообраќајниците од паркираните возила за граѓаните да можат да се движат. Од општината одговорија дека барањата на граѓаните се оправдани и дека општината подготвува трајно и системско решение на проблемот.

„Приоритет е да обезбедиме простор за паркирање на повеќе возила во Дебар Маало, за што веќе е најдено решение. Имено, наскоро ќе биде поставен монтажен паркинг помеѓу општината и Министерството за одбрана, со влез и излез од улицата Орце Николов. Паркингот ќе обезбеди место за 270 до 290 возила. Ваквото решение е првиот чекор кон пренасочување на паркирањето и ослободување на тротоарите“, пишува во соопштението на општината.

Од општината велат дека ќе иницираат формирање на координативно тело со претставници од сите надлежни институции.

„Во ова тело ќе бидат повикани претставници на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и ПОЦ и ќе се изработи план за имплементација на решението. Претставници на граѓаните се добредојдени да учествуваат во ова тело, но и да даваат сугестии во фаза на изработка на решението. Општина Центар веќе презема некои мерки за смирување на сообраќајот во Дебар Маало, како што е „Зона 30“. За жал, заради лоша соработка со претходната власт и недоволна контрола од страна на тогашното МВР, ограничувањето не се почитуваше во целост“, велат од Општина Центар.

Дебармаалци вчера на протест побараа неселективно почитување на законите, нов режим кој ќе го намали сообраќајниот метеж, како и изработка на стручни студии за загадувањето, сообраќајните решенија, густината на населеност и инфраструктурата, инсистирајќи тоа да се стори што побрзо, а во меѓувреме да не се издаваат дозволи за нови градби.

возила монтажен паркинг Општина Центар паркиралишта протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.