НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаневски: Дојдовме во Истанбул да играме како да е 0:0

0
By Нова ТВ on August 24, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вардар пристигна во Истанбул, го одработи официјалниот тренинг пред реваншот со Фенербахче и смирено ги дочекува возвратните 90 минути против великанот на турскиот фудбал за историја на клупскиот во Македонија. „Црвено-црните“ имаат 2:0 од првата средба на „Телеком арена“ и реални шанси да станат први претставници од домашната сцена што ќе заиграат во групи во натпреварување на УЕФА. Но, Чедомир Јаневски не дозволува евентуална еуфорија што би довела до коцкање на одличната шанса.

„Ќе биде тешко. Оние 2:0 од Скопе не смее да нè залажат. Добри се, позитивни се, придонесуваат за сигурност, но не даваат никаква гаранција. Не значат ништо за нас бидејќи работата не е завршена. Дојдовме во Истанбул да играме и да се надигруваме со големиот противник како да е 0:0, како да немаме никаква предност“, нагласи вардаровиот менаџер кој минатата среда ја презеде клупата од Гоце Седлоски.

Јаневски е свесен за квалитетите на Фенербахче. Свесен е дека реваншот ќе биде поинаков од дуелот во Скопје, свесен е дека турскиот тим ќе има голема поддршка од трибините и ќе тргне офанзивно по брз гол за амортизирање на притисокот. Сето тоа го предочува и на фудбалерите кои мора да останат смирени и концентрирани.

„Квалитетите на противникот се добро познати. Имаат индивидуалци кои може да решат натпревар со еден потег. Ќе играме и пред полн стадион. Но, верувам во овие момчиња дека ќе успеат да остават се настрана и ќе прикажат игра за резултат што ќе нè одведе во групната фаза. Предноста што ја имаме ни дава сигурност пред натпреварот, а кога ќе почне ќе треба да одиграме тимски и организирано како единствен начин за осигурување на посакуваната цел“, дополни Јаневски.

Дуелот меѓу Фенербахче и Вардар на стадионот „Шукру Саракоглу“ е закажана за 19,30 часот. Главен судија во натпреварот ќе биде Полјакот Даниел Стефански кому ќе асистираат сонародниците Марсин Бониек и Давид Игор Голис.

Вардар Лига Европа Плеј-оф Фенербахче фудбал Чедомир Јаневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.