НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Глигоров: Со секого ќе играме, но немаме право никому да се закануваме

0
By Нова ТВ on August 26, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никола Глигоров (34) во четвртокот во Истанбул го постигна, можеби, најдрагиот гол, ако не и најдраг во кариерата што вечно ќе го памети. Тивкиот работник на теренот, но и надвор од него, му пресуди на Фенербахче во судиското надополнување на реваншот плеј-офот за печат на „црвено-црната“ мисија наречена групна фаза во УЕФА Европа лигата. По двете (не)проспиени ноќи од историската вечер за македонскиот клупски фудбал на Босфорот излезе со свој коментар за ждрепката, за противници во групата Л и што може, а што не, да се очекува од 14 септември до 7 декември на меѓународната сцена.

„Добивме атрактивни противници. Зенит, на пример, е редовен учесник во групите во Лигата на шампиони во секоја сезона и секој пат претендира на пласман во нокаут фазите. Тука е Реал Сосиедад, екипа што тешко ја добиваат и Барселона и Реал Мадрид на нејзината „Аноета“. И, секако, Розенборг кој до групите стигна преку Ајакс кој играше финале во минатата сезона. Сето ова доволно говори за квалитетот на нашите ривали. Не сакаме да си наметнуваме цели во Европа. Дебитанти сме и немаме право никому да се закануваме. Она што можеме да ветиме е беспоштедна борба во секој меч“, коментира Глигоров.

Фото: fkvardar.mk

Уживање во успехот, гордост, среќа, задоволство, полно срце. Еуфоријата на вардарци, сепак, ќе мора да биде со ограничен рок на важност бидејќи Зенит ќе дојде за нешто повеќе од две недели. Во меѓувреме ќе имаат првенствени настапи и репрезентативни подготовки, а притоа треба да се остане на земја.

„Нема зборови што за опис на чувството што го имаме. Мило ми е што го дигнавме градот на нозе, што до нас допираат позитивни критики и позитивна енергија што ја чувствуваме на секој чекор. Успехот не е случаен. Ваков успех не се гради преку ноќ, ова што го направивме е резултат на три ипол годишна работа. Заслуги имаат сите во клубот, од економот до сопственикот без чија поддршка немаше да бидеме каде што сме. И Чеде Јаневски направи фантастична работа, да не речам чудо. За само два дена нè подготви, пред се на психолошки план. Неверојатно“, истакна Глигоров во свое лично име и во име на соиграчите.

Вардар викендот е без првенствени обврски. Поради настапите во УЕФА Европа лигата, шампионот се обрати со барање до Работнички за одложување на дуелот од третото коло што беше закажан за утре (недела), на што соседот од Градски парк одговори позитивно. Терминот за одигрување на средбата ќе биде дополнително утврден.

Вардар Лига Европа Никола Глигоров фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.