Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП во кошарка: Моќна Шпанија, сигурна Србија

0
By Нова ТВ on September 1, 2017 СПОРТ
Фото: fiba.basketball
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 1, 2017 21:33

Црногорските кошаркарски репрезентативци се првите на Европското првенство кои на своја кожа ја почувствува моќта на Шпанија. Бранителот на континенталниот трон го оправда епитетот „фурија“ и во голем стил ги почна настапите во групата Ц во Клуж. Избраниците на Серџо Скариоло славеа со убедливи 99:60 (по четвртини – 26:14, 25:15, 19:15, 29:16) за најава на шампионските амбиции и на тековниот турнир.

Шпанците не дозволија ниту трошка надеж за Црна Гора дека може да избегне пораз. На мечот му пристапија максимано сериозно иако беше прв за нив на шампионатот и без разлика што против себе имаа ривал кој не е во првиот европски ешалон. Три од четирите периода ги решија во своја корист со двоцифрена разлика, а резултатски најизрамнети беа десетте минути по големиот одмор.

Најефикасен шпански играч беше Вили Ернангомез кој го заврши натпреварот со 18 поени што ги збогати со девет скока, неговиот брат Хуанчо додаде 13, Пау Гасол уфрли 10. Најдобар поединец во црногорската селекција беше Никола Вучевиќ со 16 коша, Никола Павличевиќ беше стрелец на 13 поени.

Важна победа на Србија за самодоверба по бројните откажувања 

Фото: fiba.basketball

Успешен вовед на првенството и за кошаркарите на Србија. Северниот сосед, во рамки на групата Д во Истанбул, ја совлада шутерски расположената селекција на Летонија со 92:82. Конечниот исход беше доволна причина за задоволство кај селекторот Александар Ѓорѓевиќ и одбрано друштво. Првенствено поради бројните откажувања со кои Србите се соочија за време на подготовките, а потоа и поради враќањето во мечот и покрај двоцифрената предност што ја имаа Летонците во еден момент.

Како лидер на српскиот национален тим се промовира Богдан Богдановиќ кој постигна 30 поени, со дабл-дабл ефект заврши Милан Мачван (14 коша, 10 скока), Бобан Марјановиќ учествуваше со 13 коша во триумфот на популарните „орли“. Најистакнати кај составот од Балтикот беа Даирис Бертанс со 23 поени, Кристапс Порзингис запиша 18, а Давис Бертанс 16.

ЕП 2017 во кошарка – Финска, Израел, Романија, Турција

Група Ц (Клуж), 1 коло

Унгарија – Хрватска 58:67

Шпанија – Црна Гора 99:60

Романија – Чешка 68:83

Група Д (Истанбул), 1 коло

Белгија – В. Британија 103:90

Србија – Летонија 92:82

Турција – Русија 73:76

ЕП 2017 кошарка Србија Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.