НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП во кошарка, група Б: Италија и Германија се главни во Тел Авив

0
By Нова ТВ on September 2, 2017 СПОРТ
Фото: fiba.basketball
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италија и Германија со максимален ефект на Европското кошаркарско првенство по вторите настапи во групата Б во Тел Авив. Двете репрезентации се потврдија како фаворити во денешните дуели во кои го направија, можеби, решавачкиот исчекор кон Истанбул каде се планирани нокаут фазите на 40. издание на турнирот.

По кошаркарскиот час „игра во дефанзива“ што го одржаа на Израелците во првото коло, „азурите“ попладнево ја совладаа и Украина со 78:66 (по четвртини – 16:19, 27:14, 16:15, 19:18) за преземање на врвот на табелата во Б конкуренцијата.

Украинскиот состав покажа заби само во првата четвртина која Италијанците уфрлија во повисока брзина и безбедно пловеа кон втора победа на ЕП 2017. Ако Марко Белинели важеше за енигма колку и што може во тимот на Еторе Месина пред стартот на натпреварите, сега се профилира во лидер на нациионалниот тим. Беше одлично шутерски расположен, „испали“ шест тројки од 12 обиди и со вкупно 26 коша заврши како најефикасен на средбата. Арадоре постигна 13 поени, по 12 додадоа Филој и Датоме. Прв стрелец кај поразениот тим беше крилниот центар, Артјом Пустовји.

Германците ја „спуштија на земја“ Грузија по победата над Литванија

Германија ја совлада Грузија со 67:65 (по четвртини – 19:19, 22:17, 14:16, 12:5) за рамо до рамо со Италија по две кола во Тел Авив. „Панцерите“ го направија невидлив сопствениот кош за противникот, одиграа одлична одбрана во последната четвртина, примија само 5 коша што со постигнатите 12 и трите залиха од претходно им беа доволни за втор триумф на шампионатот.

Денис Шредер и овојпат беше најзабележителен германски кошаркар со 23 поени, Робин Бенцинг уфрли 11 колку и Тока Шенгелија за репрезентацијата на Грузија.

ЕП 2017 во кошарка

Група Б, 2 коло

Украина – Италија 66:78

Грузија – Германија 57:67

Израел – Литванија (20,30 ч.)

Табела: Италија 4, Германија 4, Грузија 3, Украина 2, Литванија 1 (-1), Израел 1 (-1).

Германија Група Б ЕП 2017 Италија кошарка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.