НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгија на СП 2018, Холандија е во игра, Франција се посрами (Видео)

0
By Нова ТВ on September 4, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белгија е првата европска репрезентација што обезбеди пласман на Светското  фудбалско првенство во Русија во 2018 година. Популарните „ѓаволи“ славеа на гостувањето кај Грција со 2:1 и на две кола до крајот го осигураа првото место во групата Х. Сите три гола на „Јоргос Караискакис“ стадионот во Атина „падна“ во второто полувреме во период од само пет четири минути. Фертонген во 70. и Лукаку во 74. погодија за Белгијците, Зека во 73. го постигна единствениот за домашните.

https://www.youtube.com/watch?v=nQQ6ZWrevEI

Поразот на Грција го искористи селекцијата на БиХ која по триумфот во Алгарве над Гибралтар со 4:0 напредуваше до второто место на табелата. Един Џеко постигна два гола во 35 минута и во 85 минута, по еден реализираа Кенан Кодро во 66. и Сенад Лулиќ во 84. за тимот на Мехмед Баждаревиќ кој пред три дена доживеа шокантен пораз на Кипар со пресврт во второто полувреме.

Во последниот меч од осмото коло во групата Х, Естонија во Талин славеше над Кипар со 1:0.

„Лалињата“ ја враќаат контролата во групата А, „триколорите“ се избламираа со Луксембург

Холандската репрезентација ита кон последниот воз за Русија. „Лалињата“, се чини, ја враќаат контролата над сопствената судбина во групата А на два меча до крајот на циклусот. По дебаклот во Париз, се рехабилитираа со победа над Бугарија во Амстердам со 3:1 и се пробија на третото место на табелата со 13 бода, три помалку од Шведска.

https://www.youtube.com/watch?v=moXqrIGv_YU

Двоен стрелец за селекција на Дик Адвокат беше Дави Пропер во седмата, односно, 80 минута од средбата на „Јохан Кројф арена“, во меѓувреме, во 67 минута, „стрелаше“ и Арјен Робен. Забележителна улога имаше Дени Блинг по чии асистенции беа постигнати два од трите гола. Почесниот за Бугарите беше дело на Георги Костадинов во 69 минута.

https://www.youtube.com/watch?v=3mwKUQpeS7E

По блескавата партија против Холандија во петокот, француските напаѓачи доживеаја фрустрирачка вечер во Тулуз. Пол Полга, Килијан Мбапе, Џибрил Сидибе и Антоан Гризман беа запрени од голманот Жонатан Жобер и дефанзивци на Луксембург во изненадувачкото реми (0:0) во групата А. Гостите можеа дури и до трите бода преку Жерсон Родригез, но сензација од таков вид, сепак, не се случи иако и нерешениот резултат е рамен на сензација.

Квалификации за СП 2018

Група А, 8 коло

Франција – Луксембург 0:0

Холандија – Бугарија 3:1

Белорусија – Шведска 0:4

Табела: Франција 17, Шведска 16, Холандија 13, Бугарија 12, Луксембург 5, Белорусија 5.

Идно коло (7 октомври): Бугарија – Франција, Шведска – Луксембург, Белорусија – Холандија.

Група Б, 8 коло

Унгарија – Португалија 0:1

Летонија – Швајцарија 0:3

Фарски Острови – Андора 1:0

Табела: Швајцарија 24, Португалија 21, Унгарија 10, Фарски Острови 8, Андора 4, Летонија 3.

Идно коло (7 октомври): Швајцарија – Унгарија, Андора – Португалија, Фарски Острови – Летонија.

Група Х, 8 коло

Грција – Белгија 1:2

Гибралтар – БиХ 0:4

Естонија – Кипар 1:0

Табела: Белгија 22, БиХ 14, Грција 13, Кипар 10, Естонија 8, Гибралтар 0.

Идно коло (7 октомври): БиХ – Белгија, Кипар – Грција, Гибралтар – Естонија.

Белгија квалификации за СП 2018 Франција фудбал Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.