НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тевдовски: Со Светска банка ќе се работи на намалување на јавниот долг

0
By Нова ТВ on September 5, 2017 ЕКОНОМИЈА
Фото: сдк.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за финанси Драган Тевдовски денеска најави дека до крајот на годината ќе има промени во буџетското планирање, преку нов предлог закон за реформи.

– Јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра и потребно е да се промени среднорочното буџетско планирање. До крајот на годината ќе има промени во буџетската рамка со предлог-закон за реформи во овој дел, изјави денеска министерот Тевдовски, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата по средбата со претставници на Светската банка.

Тој додаде дека е подготвена и предлог стратегија во која има серија мерки за да се постават алатки за кредибилно управување со јавниот долг. Тоа, како што рече, е во насока на препораките на Светка банка, на ЕК, на СИГМА, како наши стратешки партнери.

Стратегијата е на среден рок за период од 2018 до 2021 година за управување со јавни финансии со која се зафаќа и делот на јавниот долг.

Во стратегијата има седум приоритети, а еден од главните е транспареноста, на што е посочено и од страна на Светска банка.

Меѓу алатките е и формирањето фискален совет, кој е само еден од механизмите кои ќе прават еден вид анализа и контрола.

– Ако сакаме во Македонија да имаме кредибилни јавни финансии значи да го подобриме процесот на транспареност. Второ, да се подобри проекцијата на буџетските приходи и расходи, да се мисли на среден рок и да се постават некои механизми, рече Тевдовски.

Линда Ван Гелдер, директор на регионот западен Балкан во Светска банка, рече дека ги очекуваат ефектите од тековните проекти, кои се спроведуваат во Македонија, поделени во седум операции, со поддршка од 350 милиони долари.

Светската банка ќе биде силен партнер во развојот на Македонија, и дека нивните активности се насочени кон подобрување на енергетската и патната инфраструктура, подобрување на иновативноста, но и на социјалната заштита со осврт на сиромашните, рече Ван Гелдер.

Драган Тевдовски јавен долг Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.