Германската канцеларка Ангела Меркел била погодена со домати од насобраните на вчерашниот митиг во Хајделберг, во рамки на предизборната кампања, а полицијата го истражува инцидентот.
Портпаролот на полицијата Давид Фаулхабер за АП изјавил дека се бараат извршителите кои се товарат за делото нанесување телесни повреди и повреди на имот.
Британските медиуми објавија дека пред инцидентот, од топлата се слушнале извици „лицемерка“, „предавничке на народот“, што според толкувањето на „Експрес“ најверотајно е критика на политиката кон мигрантите.
Еден од доматите завршил на сакото на Меркел.
Подоцна Меркел ја продолжила кампањата и во Штутгарт носејќи го истото црвено сако.
Во Германија на 24 септември се одржуваат парламентарни избори.