НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Примера: Вилјареал со пресврт со три бода, Атлетик Билбао на рутина

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 СПОРТ
Фото: sevilla.abc.es
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вилјареал се придружи на Селта и Атлетик Билбао со триумф пред своите гледачи во неделните дуели од третото коло во шпанска Примера. Но, за разлика од екипата од Виго и Баскијците, популарната „жолта подморница“ ги задржа трите бода против Бетис со пресврт.

Гостите поведоа во 11 минута преку Серхио Леон на што домашните одговорија трикратно. Карлос Бака израмни во 32 минута на 1:1, резултат со кој се замина на одмор. Саму Кастилјехо погоди во 61 минута за 2:1, а точка на средбата стави Енес Унал во 77 минута за конечни 3:1 за Вилјареал и за прв триумф во сезоната по двата пораза од Леванте на Енес Барди и Реал Сосиедад.

Атлетик Билбао на својот стадион „Сан Мамеш“ рутински го одбработи испитот наречен Џирона. Екипата од Баскија славеше со 2:0 со погодоците на Муниаин во 25 минута и на Адуриз во 53 за одржување на чекор со Севилја на третото место на табелата. Селта, пак, со 1:0 го порази Алавес со голот на Максимилијано Гомез во 34 минута.

Честа на гостинските екипи ја спаси Реал Сосиедад, еден од ривалите на Вардар во групата Л во Лига Европа. Фудбалерите од Сан Себастијан го замолкнаа „Риазор“ по победата над Депортиво ла Коруња со 4:2. Хуанми во третата минута, Асиер Илјараменди во четвртата и во 86. и Диего Лјоренте во 83 минута „стрелаа“ за „сино-белите“ кои заедно со Барселона се единствени со максимален ефект во Примера по три одиграни натпревари.

Примера, 3 коло

Вилјареал – Бетис 3:1

Селта – Алавес 1:0

Атлетик Билбао – Џирона 2:0

Депортиво ла Коруња – Реал Сосиедад 2:4

Барселона – Еспањол 5:0

Севилја – Еибар 3:0

Валенсија – Атлетико Мадрид 0:0

Реал Мадрид – Леванте 1:1

Легањес – Хетафе 1:2

Понеделник

Малага – Лас Палмас (21 ч.)

Табела: Барселона 9, Реал Сосиедад 9, Севилја 7, Атлетик Билбао 7, Легањес 6, Атлетико Мадрид 5, Реал Мадрид 5, Леванте 5, Валенсија 5, Хетафе 4, Џирона 4, Селта 3, Вилјареал 3, Бетис 3, Еибар 3, Депортиво ла Коруња 1, Еспањол 1, Малага 0 (-1), Алавес 0, Лас Палмас 0 (-1).

Атлетик Билбао Вилјарал Примера фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.