НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига на шампиони: Челзи си поигра со Карабаг, ПСЖ со Селтик

0
By Нова ТВ on September 13, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Застрашувачки вовед на Челзи и на ПСЖ, убедливи победи и на останатите топ фаворити во првата фудбалска вечер од новата сезоната во УЕФА Лигата на шампиони. „Жртва“ на премиерлигашот од „Стемфорд бриџ“ беше Карабаг чие гостување во Лондон се претвори во кошмарно од резултатски аспект. „Сините“ го декласираа дебитантот во елитата со 6:0 и потврдија дека ќе нема место за изненадувања во групата Ц кога е во прашање пласман во нокаут фазата.

Фото: uefa.com

Стрелци за составот на Антонио Конте беа Педро во петтата минута, Запакоста во 30., Азпиликуета во 53., Бакајоко во 71., Бачуаи во 76. и Медведев со автогол во 82. Рома и Атлетико Мадрид одиграа 0:0 во Рим во вториот меч во конкуренцијата и единствен без голови од осумте на фудбалските тревници ширум Европа. Римјаните на крајот треба да бидат и задоволни со освоениот бод по големиот број неискористени прилики на екипата од „Висенте Калдерон“ и одличниот Алисон на голот.

Фудбалерите на ПСЖ, пак, беа за еден гол понеефикасни од колегите од Челзи. „Светците“ го понижија Селтик во Глазгов со 5:0 и се најавија како фаворити за првите две места во групата Б со Баерн Минхен. Двоен стрелец за парижаните беше Единсон Кавани во 40 минута од пенал и во 85 минута, откако серијата голови на „Селтик парк“ ја отворија најскапите играчи од летниот преоден рок што заедно чинат 402 милиона евра. Нејмар погоди во 19 минута, Мбапе во 34., а меѓу стрелците се впиша и Лустиг со автогол во 83 минута.

Баерн М. ја оправда улогата на апсолутен фаворит во дуелот со Андерлехт на „Алијанц арена“. Баварците славеа со 3:0 со погодоците на Левандовски во 12 минута од пенал, на Алкантара во 65. и на Кимих во 90. Олеснителна околност за домашните беше и црвениот картон на Кумс ги остави на цедило бледите Белгијците уште во 11 минута.

Фото: uefa.com

Манчестер јунајтед со победа се врати во Лигата на шампиони. „Црвените ѓаволи“ го поразија Базел со 3:0 и од тим во созревање, како што ги претстави Мурињо, се промовираа во тим за највисок дострел во ЛШ во оваа сезона. Фелаини во 35 минута, Лукаку во 53. и Рашфорд во 84. погодија за радост на „Олд Трафорд“ и за континуитет на одличниот старт на сезоната и во Премиерлигата.

Московска ЦСКА го остави во молк стадионот „Луж“ во Лисабон. „Армејците“ ја совладаа Бенфика со 2:1 со пресврт во второто полувреме. Харис Сеферовиќ обезбеди водство за Португалците во 50 минута на што Русите возвратија преку Витињо од пенал во 63 минута и преку Жалалетдинов во 71. за понесување на големи три бода од Пиринеите.

И, конечно, во групата Д, Барселона на „Камп Ноу“ убедлива како и Манчестер Ј. и Баерн М. Каталонците во меч што беше означен како дерби на вечерта триумфираа над Јувентус со 3:0 со два гола на Меси во 45 минута и во 69., во меѓувреме (56′) и Ракитиќ успеа да го совлада Буфон.

Олимпијакос доцна се разбуди во дуелот со Споринг Лисабон. Португалскиот состав славеше со 3:2 во Пиреја, но и покрај трите гола во првото полувреме на крајот можеше да остане без два бода. Думбија во втората минута, Мартинс во 13. и Фернандеш во 43. „стрелаа“ во домашната мрежа за студен туш на стадионот „Јоргос Караискакис“. Влегувањето во игра на Пардо во 78 минута ги размрда „црвено-белите“. Во 89 минута го постигна првиот гол, во судиското надополнување и вториот меѓутоа време за трет немаше.

Стефан Ристовски го почна мечот меѓу резервистите на Спортинг и во игра влезе во 88 минута наместо стрелецот на третиот гол за неговата екипа.

Лига на шампиони

Група А

Манчестер јунајтед – Базел 3:0

Фелаини 35′, Лукаку 53′, Рашфорд 84′

Бенфика – ЦСКА Москва 1:2

Сеферовиќ 50′ – Витињо 63′ (п), Жамалетдинов 71′

Група Б

Баерн Минхен – Андерлехт 3:0

Левандовски 12′ (п), Алкантара 65′, Кимих 90′

Селтик – ПСЖ 0:5

Нејмар 19′, Мбапе 34′, Кавани 40′ (п), 85′, Лустиг (автогол) 83′

Група Ц

Рома – Атлетико Мадрид 0:0

Челзи – Карабаг 6:0

Педро 5′, Запакоста 30′, Азпиликуета 53′, Бакајоко 71′, Бачуаи 76′, Медведев (автогол) 82′  

Група Д

Барселона – Јувентус 3:0

Меси 45′, 69′, Ракитиќ 56′

Олимпијакос – Спортинг Лисабон 2:3

Пардо 89′, 90’+3′ – Думбија 2′, Мартинс 13′, Фернандеш 43′

Баерн Лига на шампиони Манчестер Ј. Барселона ПСЖ фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.