Словенија ќе биде ривал на Шпанија во првото полуфинале на Европското кошаркарско првенство. Предводени од Горан Драгич и Лука Дончич во шутерското четврт-финале, „змајчеки“ ја поразија Летонија со 103:97 (по четвртини: 34:23, 17:32, 25:11, 27:31).
Дончич беше најефикасен словенечки кошаркар со 27 поени кон кои додаде и девет скока, Драгич уфрли 26 и запиша осум асистенции. Летонецот Порцингис беше прв стрелец на средбата со 34 коша, десет повеќе од Давис Бертранс. Шпанија претходно ја порази Германија со 84:72.
Денеска на шампионатот ќе се одиграат и двата преостанати дуела од четврт-финалето. За 17,45 часот е закажан мечот меѓу Грција и Русија, а од 20.30 часот ќе следува и пресметката на Србија и Италија.
ЕП 2017 во кошарка – четврт-финале
Словенија – Летонија 103:97
Шпанија – Германија 84:72
Среда
Грција – Русија (17,45 ч.)
Србија – Италија (20,30 ч.)