Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манојловски: Лошо е што за јазиците зборувате како Македонци и Албанци

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2017 13:26

Пратеникот од редовите на ДУИ, Бранко Манојловски во својот говор пред колегите пратеници, за време на расправата за Законот за употреба на јазиците, им одржа лекција на пратениците дека тргнуваат од својата етничка припадност кога зборуваат за законот, за кој тој вели дека е право на албанскиот народ.

– Не знам дали сте свесни што зборувате. Проблемот со јазикот мора да се реши бидејќи тоа е еден голем ураган кој кога-тогаш ќе продре. Албанскиот народ сака албански јазик, и нема дискусија, тие ќе го добијат. Но проблемот е што јазикот не е проблем туку има национална омраза. Јас тоа најдобро го знам затоа што реков дека сум Албанец а сум растел како Македонец и видов што значи таа национална омраза. Ако на сите што сте тука ви го отворам срцето, ќе видам или големи Македонци или големи Албанци. Ниту еден не сте реални. Вие многу се борите со законот, а нема проблем со тоа. Јазикот мора да се реши сакале вие или не. Исфрлете ја националната омраза и бидете луѓе за момент, рече Манојловски.

Тој дополни дека бил разочаран од сите пратеници и порача дека сака соживот во Македонија.

– Нема нестабилност на Македонија ако јазикот е проблем. Слаба е државата ако јазикот е проблем. Смирете се и мислите малку со глава и како луѓе, а не како Македонец или Албанец, рече Манојловски.

По него, за контра-реплика се јави пратеникот Илија Димовски, кој рече дека Манојловски зборувал убаво, но го прикривал неработењето на своите колеги од ДУИ.

– Национална омраза е да ги оставите граѓаните на Тетово да дишат канцероген воздух или граѓаните на Арачиново да ги оставите без канализација а тоа го правеше ДУИ. Национална омраза е вработување на секој наш сограѓанин Албанец преку Рамковниот договор да му наплаќате по 5.000 евра, а тоа го правеше ДУИ. Национална омраза е да дозволувате дивоградби во Чаир и да не плаќате на општинската сметка туку на нечија друга. Убави се ваквите романтични говори, но не смееме да дозволиме емоционални моменти кога зборуваме за рационални работи. Не ги прикривајте вашите колеги од ДУИ кои своето неработење сакат да го покријат со ваков закон пред избори, рече Димовски.

На дискусијата која е во тек, Шилегов се надополни со тоа што рече дека сега кога дебатата влегла во Собрание, се видело кои се политичари а кои политиканти.

– Една унитарна држава каква што е Македонија, не може да се распадне поради Законот за јазиците од кои ВМРО-ДПМНЕ прави плашило, како што правеше со „Тиранска платформа“, „федерализација“ и други теми. Одговорните луѓе во политиката, треба да имаат концепт и визија за тоа каде треба да оди Република Македонија. Тоа треба да не води сите нас кои што имаме одговорност пред нашите деца и внуци. Мораме да изградиме концепт на кохезија во кој ќе бидат сите граѓани во државата. Нерешавањето на таквите концепти е вистинската опасност од губење на државата. Стабилноста на меѓуетничките односи и на социо и економските односи е нашата цврстина, се друго е евтина политичка приказна, рече Шилегов од говорницата.

Тој на граѓаните кои стравуваат од двојазичност поради негативната кампања која се води за Законот за употреба на јазиците, им порача дека не е точно дека треба да стравуваат од користење на друг јазик освен мајчиниот.

– Никој нема да биде должен да го учи јазикот кој не му е мајчин или да биде казнет за тоа, потенцираше пратеникот од СДСМ.

Бранко Манојловски Закон за јазици Илија Димовски Петре Шилегов Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.