НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен денеска за замрзнувањето на имотот на ВМРО ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on September 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По минатонеделното одложување од „технички причини” Врховниот суд денеска ќе одржи расправа по барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова барање, СЈО сака да се преиспита одлуката на Кривичниот суд со која е одлучено да не се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО  барањето за заштита на законитоста го поднесе затоа што се сомневаа смета дека имотот на оваа партија е стекнат на незаконски начин. Како што истакна обвинителката Ленче Ристовска, расправата за овој предмет е одложена од технички причини и треба да продолжи во понеделник.

СЈО во мај поднесе две барања до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за обезбедување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, односно за определување на привремена мерка – забрана за отуѓување и оптоварување на дел од недвижен имот кој потекнува од извршено кривично дело. Кривичниот совет во двата наврати го одби барањето на СЈО. Последната инстанца каде можеше да се обрати СЈО е Врховниот суд.

Инаку, во случајот „Талир“ првоосомничен е Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Кирил Божиновски, Илија Димовски, Даниела Рангелова, Александар Бичиклиски, Емил Димитриев, Миле Јанакиески, Иво Котевски, Илија Ристовски, Билјана Бришкоска – Бошковски, Леко Ристовски и Елизабета Чингаровска.

Според предистражната постапка на СЈО, од 2009 до 2015 година осомничените прифатиле незаконски средства за финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра. Овие пари, наместо да се вратат во буџетот како што налага законот, биле искористени за незаконско финансирање на партијата.

За да се „исперат“ овие пари, според СЈО, биле користени различни начини, а еден од нив биле наводни уплати на жиро-сметките на партијата од различни физички лица под превозот „донации“ и „членарини“.

Со овие средства, меѓу другото, биле склучени 71 договори за купување недвижен имот, а дел од овој имот не се користел за партиски, туку за приватни цели.

Катица Јанева не поднесе обвинение за предметот „Талир“, но најави дека ќе ја продолжи истрагата за незаконското финансирање на партијата која десет години беше на власт. Изминатите години ВМРО-ДПМНЕ се стекна со огромен имот и стана најбогата политичка партија во Европа.

СЈО за поднесените 17 обвиненија до сега од судот не добило нити еден одговор дали се прифатени или не.

ВМРО-ДПМНЕ Врховен суд Имот СЈО Талир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.