Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска протест против изградба на згради во Карпош

0
By Нова ТВ on September 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 21, 2017 16:42

Карпошани денеска во 17 часот под мотото „Стоп за згради“ ќе протестираат и ќе собираат потписи за да се запрат сите градежни активности на потегот од булеварите Илинден – 8. Септември –Кејот на вардар и улицата Љубљанска.

Овој простор кој е опфател во деталниот урбанистички план за Градска четврт 304, жителите бараат да се пренамени во површина со заштитена зелена зона. Во поканата за маршот граѓаните објаснуваат дека планот за градење е донесен нетранспарентно со големи пропусти во постапката и дека ја крши управната постапка за донесување на еден ваков план. Исто така, велат дека со овој план е загрозено правото на здрава животна средина.

„Сметаме дека е неопходно овој простор да биде претворен во Парк Шума која ќе допринесе за подобрување на состојбата со загадувањето и ќе го ублажи ефектот на неминовните климатски промени чие засилено дејство допрва ќе го осетиме, особено што во последниве години на територијата на општина Карпош се намалуваат зелените површини кои припаѓаат на Парк шумата Водно, а еден цел парк, Паркот на Толеранција, исчезна претворајќи се во болница. Зелениот појас ќе допринесе за намалување на концентрацијата на арсен и други тешки метали во воздухот. Затоа бараме најитно стопирање на секакви градежни активности и преиспитување на целокупната постапка. Стоп на загадувањето. Стоп на непромислена урбанизација без земање предвид на ефектот врз животната средина и на климатските промени. Сакаме паркови наместо згради, сакаме отпорен Карпош во време на климатски промени, сакаме здравје за нашите деца, а не смрт“, пишува во соопштението.

Денеска за чист воздух ќе маршираат и Коалицијата за чист воздух О2 и Првата детска  амбасада  во  светот  Меѓаши заедно со уште 18 граѓански, невладини организации денеска во 17 часот низ повеќе булевари во Скопје ќе одржат мировен марш за правото на чист воздух.

Почетна точка на акцијата е пред Владата, по што ќе се помине низ булеварот „Илинден“  и булеварот „8 септември“ каде учесниците ќе се спојат со партнерските граѓански организации  „Ние сме Карпош 4“ и „Карпош 3“ кои исто така ќе имаат мирен протест.

 

ДУП карпош Коалиција за чист Воздух марш протест Стоп за згради
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.