НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори Германија: Меркел ќе ја формира новата Влада, но со кого

0
By Нова ТВ on September 24, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Германија  денеска се одржуваат парламентарни избори на кои нешто повеќе од 61 милион граѓани имаат право на глас. Тие ќе одлучуваат кој во следните 4 години ќе владее со оваа најмоќна европска држава.

Меѓу гласачите се и 1.300.000 гласачи со турско потекло, голем број Руси, Полјаци и Романци со германско државјанство, но и околу три милиони млади кои првпат се стекнуваат со правото на глас.

Во Берлин по денешното гласање најверојатно нема да има политички промени, не само кон европските теми, туку и кон актуелните глобални прашања.

Доколку анкетите се точни, Ангела Меркел ќе го обезбеди своето место на чело на германската политика, во вкупно траење од 16 години.

63-годишната канцеларка, повеќе од една деценија и обезбеди на земјата стабилност, но исто така е факт дека земјата западна во политичка апатија и многумина гласачи се разочарани од немањето алтернатива.

За централнолевичарската Социјалдемократска партија, која владееше со конзервативната алијанса на Меркел во голема коалиција од 2013 година, не успеа  да се наметне како реална опозиција за Христијанско-демократската унија во текот на изборната кампања.

Со околу 22 отсто поддршка, таа е далеку зад конзервативната ЦДУ на Меркел која е стабилна на околу 37 отсто.

-Политиката на Меркел го следеше јавното мислење, што значи дека немаше натпреварувачки идеи ниту вистинска дебата. Ова претставува закана за нашата демократија. Откако влеговме во големата коалиција, луѓето повеќе не можеа да ги видат разликите меѓу нас и ЦДУ. Луѓето бараат алтернатива, но не можат да најдат, вели Мартин Хикел, лидер на огранок на СДП.

Околу една третина од германските гласачи во една анкета минатата недела признаа дека останале неодлучни за кого да гласаат, на само неколку дена пред изборите, со што природата на идната коалициона влада ја прават клучно прашање пред гласањето.

За Стефан Корнелиус, шеф за надворешна политика во германскиот весник Зидојче Цајтунг и автор на биографијата на Меркел, политичката стабилност во изминатата деценија ја претвори левицата во една некритичка маса.

-Од една страна, германската канцеларка Меркел обезбеди 16 години сигурност за Германија, но од друга страна, создаде огромна здодевност и политичка апатија, каде политичарите го губат чувството за предизвик и конкуренција во политиката. Ова е добра стратегија за Меркел, вели тој.

И покрај ваквиот статус-кво, Корнелиус сепк смета дека имало “тектонски промени” на германскиот политички пејзаж во правец на десноценгтристите со огромен број нестабилни гласачи кои се движат меѓу партиите.

Заживувањето на про-бизнис, неолибералната Национал-демократска партија (ФПД) и подемот на анти-имиграциската Алтернатива за Германија (АфД), која ги привлече гласачите кои веруваа дека ЦДУ повеќе не стои цврсто на своите конзервативни вредности, придонесе за пораст на бројот на гласачите за десничарите.

Во коалиционата влада, СПД ги форсираше своите социјални политики на дневен ред, со тоа што Владата ги донесе законите за минимална плата и го затвори прашањето за разликата во платите меѓу жените и мажите во Германија – но заслугата за тоа отиде на сметка на Меркел.

Ролф Хенинг, кој веќе 13 години е член на СПД смета дека изминатите години неговата партија всушност била губитник во големата коалиција.

-За земјата, коалицијата беше добра работа, бидејќи успеавме да протуркаме повеќе социјални политики, но партијата воопшто немаше корист од тоа. Сега е навистина тешко да се мотивираат гласачите да дадат поддршка на СПД.

Опцијата за нова широка коалиција меѓу конзервативната алијанса на Меркел и СПД и натаму останува можна, доколку партијата како што покажуваат анкетите, добие само нешто повеќе од 20 отсто од гласовите.

-Ова е борба на СПД за опстанок, вели Корнелиус, објаснувајќи дека доколку добијат 20 отсто од гласовите денеска, тоа ќе биде пропаст за партијата.

Помладите поддржувачи на СПД во сите анкети истакнуваат дека не се импресионирани од резултатите на партијата откако влезе во коалицијата и се надеваат дека таа сепак ќе се врати на својата левичарска традиција.

Спасот го гледаат во враќањето на партијата кон своите корени, формирањ ена нов социјалдемократски наратив, со европска визија, нешто што го гледаат во Мартин Шулц.

Како што стојат работите, аналитичарите се убедени дека без Ангела Меркел или против нејзината волја нема да може да биде формирана ниту една влада. Посебно не, поради факот што зад демохристијаните се Социјалдемократите на Шулц, кои според анкетите имаат 17 проценти поддршка помалку.

– Канцеларката е добро позната во земјата веќе 12 години, а Шулц пред 9 месеци. Тој беше претседател на Европскиот парламент, но нема искуство во политиката на национално ниво. Тој заслужува почит поради борбата што ја води, но тоа не е доволно за да го освои местото канцелар, сметаат аналитичарите.

Во изборната победа на Меркел не се сомневаат медиумите ни аналитичарите, но очигледно и гатачките.

Германскиот влијателен таблоид Билд објави што за изборите мислат токму тие – и тука очигледно се е јасно.

-Меркел ќе владее и во следните 4 години. Тоа е до следените избори. Нема д абид лесно, но таа е амбициозна и нема да си замине пред време, ниту да даде оставка. Демохристијаните ќе освојат 36%, предвидува една гатачка, која смета дека Шулц ќе биде шеф на дипломатијата и вицеканцелар, а неговата партија ќе освои 24 проценти од гласовите.

Сепак и натаму е нејасно кој ќе владее со Германија заедно со Меркел во следните 4 години. За аналитичарите најочекуваната опција е продолжение на коалицијата ЦДУ- СПД, но не се исклучува  ни коалицијата меѓу ЦДУ, Либералите и Зелените.

После овие избори, трета политичка сила би можела да стане десно популистичката Алтернатива за Германија, на која предизборните анкети и предвидуваат меѓу 11 и 13 отсто од гласовите.

Партијата Левица, според анкетите, ја поддржуваат 9,5 до 11 отсто од гласачите, а Либералите од ФДП можат да сметаат на поддршка меѓу 9 и 9,5 отсто. Зелените се на последно место со 7 до 8 отсто.

 

Германија избори Меркел СПД ЦДУ Шулц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.