НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиуми без критериум, од Груевски добивале милиони евра за пропагадна

1
By Соња Трајковска on September 24, 2017 ПОЛИТИКА
Mile pres
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Никола Груевски за реклами и пропаганда во медиумите од 2008 до 2015 година потрошила 38 милиони евра.

Како што информира портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прес конференцијата, се работи за кампањите за трето дете, против абортус, Истражи ја Македонија, Ден на дрвото, Денови на храна и други. Тој потенцира дека во оваа сума не се внесени потпрошените пари од буџетот за оваа намена за 2006, 2007 и 2016 година, бидејќи не се пронајдени документите.

Овие 38 милиони евра, како што презентираа од Владата се потрошени на:

-23 милиони евра за закуп на време за реклами во електронските медиуми во Македонија;

-15 милиони евра за продукција на кампања, уплатена на неколку маректинг агенции, а во кои се вклучени и парите за закуп на огласи во печетаени медиуми;

-200 илјади евра за  истражување на јавно мислење, но се уште не се анализирани сите документи.

Како еден од најфлагрантните примери на трошење на буџетски пари за рекламирање , Бошњаковски го истакна плаќањето извршено на 24. 12. 2008 година, кога во еден ден на неколку телевизии со национална концесија се префрлени 2 милиони 125 илјади евра, како и уплатата од 30.000 евра на агенција за конуслтатнстки услуги за само еден месец.

Не постоеле критериуми на основа на кои се префрлани парите за закуп на простор за рекламирање кај националните телевизии.

Бошњаковски рече дека на прв поглед може да се каже дека тоа е рејтингот на гледаност, но бројките покажуваат дека тоа не е случај и ги даде следниве примери, при што телевизиите ги нарекуваше со шифри, без имиња, поради како што рече предизборната кампања:

-На телевизијата со шифра 11 и се префрлени 7 милиони евра. Нова телевизија која се појавува во 2012 година со национална концесија под шифра 33 во документите, во втората година од функционирањето и се префрлени половина милион  евра од владата на Груевски, наспроти телевизија која со години работи со национална концесија и добила само 22 .000 евра истата година, рече Бошњаковски.  Критериуми немало ни при распределбата на средствата з арекламирање во регионалните и локалните медиуми.

Но она што е забележително кај овие медиуми, е дека интересот на владата  на Груевски за рекламирање кај нив се појавува од 2014 година наваму, додека претходно за нив или не се издвојувало ништо, или најмногу до 100 евра. Тие сега добивале и по 15.000 евра.

Бошњаковски истакна дека оваа влада ја прекинала оваа појава, дека веќе нема да се плаќаат реклами во медиумите и Владата веќе нема да биде најголем огласувач во земјата.

ВМРО ДПМНЕ реакција

Се е по закон и нема ништо незаконски, сите средства, до последниот денар се распределени по прецизна методологија и доделени низ транспарентен процес, реагираат од ВМРО ДПМНЕ на изнесените информации на прес конференцијата на владиниот портпарол Миле Бошњаковски, за потрошените 38 милиони евра за владино реламирање, кампањи и пропаганда.

-Ваквата напумпана и манипулативна прес конференција е беспредметна, бидејќи информациите за кампањите и за средствата доделени на медиумите беа претходно јавно објавени уште пред две години. Очигледно е потребата за евтин сензационализам, страв од пораз и дефокусирање на јавноста и затоа е избран овој период, се вели во соопштението.

ВМРО ДПМНЕ не негира дека се давале пари за рекламирање и кампањи, но како што велат „јавните кампањи на владата имаа едукативна и информативна функција, а епилогот од кампањите донесоа видливи резултати: 100 нови странски инвестиции, подобрен имиџ на државата, дуплиран број на туристи, зголемен број на патници“.

Отворањето на темата за кампањите и средствата исплаќани на медиумите преставува обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите на актуелни владини функционери.

Владини кампањи Груевски пропаганда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.