НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: Шкендија главна под Шара и, засега, во шампионатот

0
By Нова ТВ on September 27, 2017 СПОРТ
Фото: kfshkendija.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шкендија ја совлада Ренова со 2:0 во „битката за Тетово“ во рамки на осмото коло од фудбалското првенство на Македонија. Тандемот Ибраими – Хасани и овојпат се покажа како решавачки за седма радост на вицешампионот во сезоната, но и единствен без пораз во конкуренцијата.

Ибраими реализира во шестата минута, капитенот во 35. за завршување на задачата уште во првиот дел и рутинско одработување на вториот. Шкендија е лидер на табелата со 22 бода, осум повеќе од Академија Пандев и девет од Вардар чии фудбалери, пак, имаат и два меча помалку поради обврските во Лига Европа.

Работнички и Силекс одиграа без голови на „Телеком арена“ во дебито на Горан Станковски на клупата на „црвените“ од Градски парк. Победник немаше ниту во вториот меч во главниот град во кој Шкупи и Пелистер одиграа 1:1. Оливер Пеев обезбеди водство за битолчани во 40 минута од првото полувреме, стрелец на израмнувачкиот погодок за чаирчани беше Ален Јашаровски во 69.

Победа и Скопје го одиграа најефикасниот меч во некомплетното осмо коло. Прилепчани славеа со 4:2 и се издигнаа над опасната зона на табелата оставајќи го притоа ривалот на чекање за прв триумф во шампионатот. Серијата голови за домашните ја отвори Благоја Гешоски во 29 минута, а ја затвори Борче Маневски во третата минута од судиското надополнување на средбата. Останатите два погодока за Победа ги постигнаа Дарко Илиески во екстра времето на првиот дел и Дејан Цветановски во 49 минута додека Милош Џугурдиќ во 40. и Александар Ристевски (автогол) во 55. реализираа за гостите од скопска Железарница.

Мечот меѓу Академија Пандев и Вардар е одложен поради настапот на „црвено-црните“ во Лига Европа. Шампионот утре попладне (19 ч.) му гостува на Розенборг во второто коло од групата Л.

Прва лига, 8 коло

Шкендија – Ренова 2:0

Работнички – Силекс 0:0

Шкупи – Пелистер 1:1

Победа – Скопје 4:2

Мечот меѓу Академија Пандев и Вардар е одложен поради настапот на „црвено-црните“ во Лига Европа.

Табела: Шкендија 22, Академија Пандев 14 (-1), Вардар 13 (-2), Шкупи 12, Силекс 10, Пелистер 9, Победа 8, Работнички 6, Ренова 6, Скопје 3.

Идно коло: Пелистер – Шкендија, Силекс – Академија Пандев, Ренова – Победа, Скопје – Работнички, Вардар – Шкупи

Прва лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.