Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово го одложи барањето за членство во УНЕСКО

0
By Нова ТВ on October 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 5, 2017 08:47

Косово го одложи предавањето на барањето за членство во Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО, соопшти косовското Министерство за надворешни работи.

-Прагматичната одлука за одлагање на членството на Косово во Интерпол и УНЕСКО се базира врз целосна и блиска координација со САД и другите сојузници, се наведува во соопштението во кое се оценува дека одлагањето придонесува за јакнење на меѓународната позиција на Косово и за промоција на мирот во регионот.

Во соопштението, што го пренесуваат српските медиуми, се додава дека Косово досега стана член на над 60 регионални, европски и светски организации и дека сето тоа е правено во тесна координација со стратешките и историските сојузници на Косово, САД и ЕУ.

Ова уште пред неколку месеци го најави косовскиот министер за надворешни работи Емануел Демај.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и актуелната српска власт повеќепати оваа година ја обвинуваа Македонија дека „и го врти грбот“ на Србија со тоа што тајно договара да гласа за пример на Косово во оваа организација на ОН, сметајќи го како непријателски гест, имајќи предвид дека Белград го смета Косово како дел од Србија.

Токму неодманешните тензии на релација Белград- Скопје започнаа со изјавата на Дачиќ во јули дека Србија направила грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија.

-Тоа не беше коректно кон Грција, изјави Дачиќ на прес конференцијата по средбата во Атина со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас на 10 јули, додавајќи дека „Скопје секогаш имало негативен став кон прашањето за Косово и Метохија“.

Претходно Дачиќ и во јануари во интервју за агенцијата Бета, тој го кажа буквално истиот став:

-Србија направи голема грешка. Цела Европа и светот го користат називот Бивша Југословенска Република Македонија, а ние на нашите браќа Грци им удривме шлаканица и сега очекуваме од Грците да не го признаваат Косово. Македонија ја признавме со тоа што ги навредивме Грците, а Македонците постојано гласаат за Косово. Јас морам да кажам дека сме будали, еве ќе употребам недипломатски израз, рече Дачиќ.

Тензиите ескалираа во август кога Белград без објаснување до македонските власти ги повика на консултации вработените во српската амбасада во Скопје.

Подоцнежното објаснување од Белград на средбата на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Дачиќ во Ниш беше дека настаните немаат врска со Косово туку со случај на следење и прислушување на персоналот, што беше отфрлено од македонските власти.

Косово Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.