Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложено рочиштето за „Сопот“

1
By Нова ТВ on October 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 9, 2017 12:32

Денешната судска расправа за случајот “Сопот” е одложена. Овој пат одбраната побара повеќе време за подготовка, бидејќи судскиот совет се промени и обвинението е веќе во рацете на Специјалното јавно обвинителство.

Адвокат Вулнет Пачуку од судијката Дијана Груевска-Илиевска побара повеќе време за подготовка на одбраната. Судијката предложи за рочиштето закажано за следната недела да бидат сослушани сведоците во случајот за да се забрза постапката, а обвинителот Бурим Рустеми од СЈО се согласи со барањата на одбраната и го напушти судот од предниот влез, без да даде изјава за медиумите.

На следното сослушување ќе се повика да сведочи Рамадан Бајрами. Не е исклучено дека одбраната предлага сведок дури и за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и за поранешниот секретар за разузнавање, Сашо Мијалков, кои во еден од прислушуваните разговори што во 2015 година ги објави тогаш опозицискиот СДСМ, односно во „25. бомба“ разговараат за случајот „Сопот“ и за тоа каква пресуда треба да биде донесена против обвинетите.

Во „Сопот“ жители од ова село се обвинети за тероризам, односно за поставување мина на пат на која нагази теренско возило на НАТО со полски војници и со наши државјани. Загинаа двајца војници и еден македонски граѓанин. За тоа дело, 11 лица беа осудени на затворски казни. Случајот подоцна беше вратен на повторно судење, кое постојано се одложува.

СЈО овој случај го побара од Обвинителството за организиран криминал и корупција во ноември минатата година, а му беше предаден на почетокот на јули годинава.

Кривичен суд одложено СЈО Сопот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.