НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Србија на СП по осум години, Хрватска во бараж

0
By Нова ТВ on October 10, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Србија е на нозе, на Хрватите им падна камен од срце, Исланѓаните испишаа нова страница во својата фудбалска историја. Српската репрезентација ја совлада Грузија со 1:0 за потврда на лидерската позиција во групата Д и враќање на мундијалската сцена по пауза од осум години. Стрелец на единствениот гол на стадионот „Рајко Митиќ“ (поранешна „Маракана“) беше Александар Пријовиќ во 74 минута, а последниот свиреж на полскиот арбитар Павел Гил беше дочекан со огномет во Белград за прослава на остварената мисија.

Ако Србите го слават Александар Пријовиќ, свој херој си имаат и Хрватите. Андреј Крамариќ е спасителот на „коцкестите“ кои славеа против Украина во Киев со 2:0 со двата гола на фудбалерот на Хофенхајм и како второпласирани во групата ќе играат бараж двомеч за место на мундијалот во Русија. Првиот го постигна во 62 минута, вториот во 70. за „вадење“ од непријатната состојба во која се доведе хрватскиот национален тим по ремито (1:1) со Финска во петокот во Риека.

Фото: uefa.com

Исланд беше хит на ланското Европско првенство во Франција, а се надева дека ќе биде и на претстојното Светско првенство во Русија. Исланѓаните во Рејкјавик го совладаа Косово со 2:0 и како победници во групата И за првпат во историјата ќе бидат дел од фудбалски мундијал. Сигурдсон во 40 минута и Гудмундсон во 68. беа творци на големиот успех на островјаните од европскиот север.

Александар Пријовиќ Андреј Крамариќ Исланд квалификации за СП 2018 Србија фудбал Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.