НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милевски: Алиби нема, поразот е срамен, одговорноста е моја

0
By Нова ТВ on October 11, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самокритичност од селекторот Благоја Милевски по вчерашниот шокантен пораз на младата фудбалска репрезентација на Македонија од Гибралтар во квалификациите за Европското првенство во Италија во 2019 година. Тоталниот аутсајдер во групата славеше против националниот тим што во јуни учествуваше на ЕП во Полска со 1:0 за историска прва победа на селекцијата од Пиринеите што е формирана пред само десет месеци. Милевски притоа упати и извинување до јавноста, навивачите и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за бламажата во Фаро, Португалија.

„Нема оправдување. Ова е срамен резултат и ја преземам одговорноста. Како предводник на младата репрезентација ги доживеав најсреќните моменти во мојата кариера, а синоќа и најтешките. Нема алиби ниту во неиграњето на Елиф Елмас ниту за многуте неискористени прилики. Едноставно моравме да најдеме начини да победиме. Јас го одредив составот и моја е одговорноста. Модерниот фудбал не трпи емоции и сурово бевме казнети. Мора да демонстрираме заедништво, да продолжиме сплотени и да не потценуваме противник“, истакна Милевски.

Покрај триумфот, младиот состав на Гибралтар против Македонија го постигна и премиерниот гол во официјален натпревар во неколкумесечното постоење. Првенецот беше дело на капитенот Грем Торилја во 64. минута.

Нареден ривал на Македонија во квалификациите за ЕП 2019 е Австрија на 14 ноември во Скопје.

Благоја Милевски Гибралтар Македонија У21 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.