НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанската криза продолжува во понеделник

0
By Светлана Јовановска on October 14, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Каталонија и нејзиното барање за независност исчезнаа од првите страни на европските медиуми овие денови но кризата е далеку од својот крај.

Вториот човек на каталонската влада Ориол Јункерас денес предупреди дека секоја понуда за дијалог упатена до Мадрид може да се однесува само на независноста на овој шпански регион.

Понудата за дијалог испратена до шпанската влада “мора да се однесува на изградба на република и нашиот ангажман за независност”, изјави Јункерас пред неговите сопартијци од Републиканската левица.

“Треба да биде јасно дека најдобар начин да се дојде до република и независност е да се разговара со сите или барем со меѓународната заедница. Но истовремено ние имаме целосен и апсолутен ангажман за примена на мандатот даден на 1 октомври”, додаде тој мислејќи на резултатите од референдумот за незвисност од 1 октомври кои велат дека 90 отсто од гласачите побарале развод од Мадрид.

Овие зборови се разбира не придонесуваат за смирување на страстите ниту во Мадрид ниту во Барселона ниту пак за доближување на ставовите на двете страни.

Претседателот на каталонската влада Карлес Пучдемонт унилатерално прогласи независност на Република Каталонија за потоа веднаш да ја суспендира за да дозволи отворање на дијалог со Мадрид. Тој побара меѓународно посредништво но шпанската влада на Мариано Рахој категорично го отфрли ова барање.

Рахој му остави рок до понеделник вечер на Пучдемонт кој треба да каже дали Каталонија прогласила независност или не. Доколку одговорот биде “да” Рахој му остава уште еден рок, до четврток. Доколку и овој пат Каталониците кажат дека прогласиле независност, Рахој се закани дека ќе укине автономијата на овој регион со примена на членот 155 од шпанскиот Устав. Можно е и апсење на каталонските високи функционери како Пучдемонт.

Сепаратистичкиот лидер се наоѓа помеѓу два огна. Од една страна бизнис круговите кои прават притисок велејќи дека разводот со Мадрид би бил катастрофа за овој најбогат шпански регион. Некои од бизнисите најавуваат дека ќе ја напуштат Каталонија. На ова Пучдемонт преку “твит” рече дека најавите се преселба на десетици претпријатија од Каталонија нема да има големо влијание на економијата на регионот.

Од друга страна, поборниците на независноста од Пучдемонт бараат да прогласи независност бидејќи, според нив, тоа е единствен начин да се почне со процесот кој води до Република Каталонија. Тие велат дека Мадрид секогаш одбивал и ќе продолжи да одбива дијалог со Барселона околу независноста. Оттука, според нив нема никаква логика декларацијата за независност да остане суспендирана.

автономија декаларција за независност Карлес Пучдемонт Каталонија Мариано Рахој Ориол Јункерас Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.