Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: ЖРК Вардар го оддува Тирингер

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 15, 2017 22:46

Индивидуална класа, висок процент на реализација на нападите и повеќе алтернативи од клупата беа пресудните елементи во триумфот на ЖРК Вардар кај Тирингер со 29:21 во второто коло од групата Ц во ракометната Лига на шампиони. Бундеслигашот имаше или си обезбеди премалку шанси и остана немоќен против македонскиот првак.

Ракометен дијалог на теренот во „Ведигсбургхале“ во Ерфурт се водеше само во воведниот дел на средбата. Се останато беше ракометен монолог во продукција на „црвено-црните“ девојки кои не дозволија сензација налик на онаа од 2014 година кога Тирингер славеше со 21:20. Однос на силите како учители наспроти ученици пришто ниту поддршката од трибините не беше ветар во грб за домашниот тим.

„Почнавме страшно мотивирано, но набрзо паднавме поради пропушените прилики. Сакавме да се обидеме да воспоставиме баланс во второто полувреме што, сепак, беше невозожно бидејќи Андреа Лекиќ одлично го предводеше Вардар“, призна Херберт Милер, тренер на Тирингер.

Тирингер одржуваше резултатски чекор до 6:6 во 10. минута. Во наредните шест вардарки направија серија од 6:0 и го решија натпреварот. Додека германскиот состав тешко успеваше да најде пукнатина во „црвено-црната“ одбрана, „црвено-црниот“ напад беше немилосреден и казнуваше во, речиси, секоја прилика и заслужено ги понесе бодовите на пат кон дома.

Андреа Пенезиќ со седум гола беше најефикасна на средбата, по пет додадоа Александра Лакрабер и Андреа Лекиќ. Свој придонес во убедливиот триумф имше и голманскиот двоец Амандин Лејно и Ина Суслина кои запишаа осум, односно, седум интервенции.

ЖРК Вардар наредниот викенд ќе има ново гостување во Лигата на шампиони. Следен предизвик е норвешки Ларвик (21 октомври).

Тирингер – ЖРК Вардар 21:29 (11:19)

Сала: „Ведигсбургхале“ во Ерфурт. Гледачи: 1,500. Судии: Марек Барановски и Богдан Лемановиц (двајцата од Полска).

Тирингер: Краузе (8 одбрани), Екерле (2 одбрани), Шефкнехт 6, Ланг 1, Мацуко, Шмелцер, Нидервасер 2, Лузумова 8, Јакубисова 4, Волболд, Редер, Хубер. Тренер: Херберт Милер.

Седмерци: 3/6. Исклучувања: 8  минути.

ЖРК Вардар: Лејно (8 одбрани), Суслина (7 одбрани), Радичевиќ 7, Кликовац, Саздовска 1, Кузнецова 2, Бајрамоска, Лазович 2, Пенезиќ 5, Чанадија, Лакрабер 5,  Хмирова 1, Цвијиќ 1, Лекиќ 5, Петровиќ, Ристовска. Тренер: Ирина Дибирова.

Седмерци: 4/4. Исклучувања: 10 минути.

Лига на шампиони, група Ц, 2 коло

Тирингер – ЖРК Вардар 21:29

Ференцварош – Ларвик 37:33

Табела: ЖРК Вардар 4, Ференцварош 2, Тирингер 2, Ларвик 0.

Идно коло: Ларвик – ЖРК Вардар (21 октомври), Тирингер – Ференцварош (22 октомври)

Вардар Лига на шампиони (ж) ракомет Тирингер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.